Обнова на општинските стратегии побараа ГО од Македонска Каменица - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Обнова на општинските стратегии побараа ГО од Македонска Каменица PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 06 nëntor 2018 00:00

Ревидирање на начинот на распределба на буџетот наменет за граѓанските организации (ГО), формирање фонд за обезбедување на финансиското учество на ГО, развивање на стратегии и планови од страна на општината и организирање почести средби за дискусија со организациите, се дел од препораките кои ГО ги упатија до општина Македонска Каменица во текот на дебатата што се одвиваше како дел од Мобилниот ресурсен центар кој се одржа на 22 октомври 2018 година.

20181107 Vest M K

На средбата учествуваа 23 претставници на граѓанските организации,  Советот на општината, општината, училиштата, јавните претпријатија итн.

Соња Стаменкова, градоначалничка на Македонска Каменица, истакна дека општината годишно доделува грантови на граѓански организации во износ од пет милиони денари, но потребно е дополнително зајакнување на соработката кое ќе придонесе кон подобрување на животот на граѓаните.

Една од главните точки на дискусија беше начинот на распределба на средствата за граѓанските организации соодветното трошење на средствата од општината, со оглед на тоа што предвидената методологија е застарена и не се почитува. Претставниците на ГО потенцираа дека спортските клубови и активности се финансираат од истите средства со кои се финансираат организациите. Дополнително, тие велат дека организациите не се отчетни, се плаќаат само фактури и сметки, а нема видливи резултати.

Најголем дел од присутните досега немаат аплицирано за проект финансиран од друг донатор освен општината, главно поради недоволна информираност и ниска подготвеност за пишување апликации. Оние кои имаа поголемо искуство на ова поле, ги охрабрија останатите да работат на едукација на нивните целни групи и да соработуваат со другите организации со цел да го зајакнат своето портфолио, како и да ги подобрат своите капацитети.

20181107 Vest M Kamenica

Во текот на средбата, тимот на Мобилниот ресурсен центар ги претстави своите активности, насочени кон заживување на граѓанскиот сектор преку повеќе типови на помош, вклучувајќи и обуки.

 

Вакви средби се предвидени во повеќе општини во Македонија, во рамките на Граѓанскиот ресурсен центар, проект финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка во партнерство со Медиа Плус од Штип и Асоцијација за демократски иницијативи од Гостивар.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Обнова на општинските стратегии побараа ГО од Македонска Каменица