Пресметките на излезноста го доведуваат во прашање цензусот на референдумот - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Пресметките на излезноста го доведуваат во прашање цензусот на референдумот PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 06 shtator 2018 12:57

Вкупно 57,8% од испитаниците рекле дека ќе излезат на претстојниот Референдум за решавање на спорот со името, од нив, 70,8% рекле дека ќе гласаат „за“ на референдумското прашање – ова го покажа најновото истражување на МЦМС и Телевизија Телма „Референдум 2018 – ставови на јавноста за решавање на спорот со името“ во чиј фокус беа прашањата за излезност, поддршка на прашањето и причини за тоа.

referendum2 2018

Процентот на оние што нема да излезат на гласање е 28,8% и меѓу нив, најбројни се оние што рекле дека ќе го бојкотираат (59,2%), а 27% рекле дека не ги интересира. 

Како главна причина за поддршка на рефередумот која ја навеле испитаниците е тоа дека договорот ќе помогне за влез на државата во ЕУ и во НАТО (62,3% од нив, односно 25,5% од сите испитаници). Дополнителни 26,7% од нив (односно 10,9% од целата популација) сметаат дека договорот е добро решение за долгогодишниот спор. 

Најчестите причини за гласање „против“ кај испитаниците кои ќе излезат на гласање, што е вкупно 8,6% од сите испитаници, се дека со договорот се менува идентитетот на Македонците и дека со него се нанесува штета на државните интереси.

referendum 2 anketaПрашани за ставовите за неколку изјави, граѓаните се прилично поделени. Па така, 58,5% целосно или делумно се согласуваат дека сите граѓани  треба да излезат на референдумот, а 34,9% не се согласуваат со оваа изјава. За 55,9% референдумот треба да биде задолжителен, а не консултативен; 52,6% целосно или делумно се согласуваат дека Македонија нема подобри алтернативи од ЕУ и од НАТО, за разлика од 35,3% кои целосно или делумно не се согласуваат. Вкупно 57,6% сметаат дека одлуката за референдум мора да биде донесена во согласност со сите политички партии. Мнозинството (52,6%) смета дека референдумското прашање е јасно формулирано, а договорот со Грција е добар компромис меѓу заложбите за зачувување на идентитетот и стремежот за интеграција во ЕУ и во НАТО (51,2% наспроти 41,6%). 

Од друга страна, мнозинство од испитаниците (50,7%)  не се согласуваат со изјавата дека „постапката во Собранието за спроведување на договорот треба да продолжи без оглед на исходот на референдумот“

Нема мнозинска поддршка за три прашања па така, 48,0% се согласуваат дека договорот им штети на државните интереси, додека 40,5% не се согласуваат и, 42,2% се согласуваат дека Македонија не може да добие подобар договор со Грција во иднина додека 40,0% не се согласуваат. Вкупно 46,3% не се согласуваат со изјавата дека треба да се следи волјата на мнозинството граѓани што ќе гласаат, без оглед колку граѓани ќе излезат да гласаат, дури и ако се помалку од 50%, за разлика од 43,0% кои се согласуваат.

За МЦМС и Телма, анкетата ја спроведе М-проспект. Во анализата на податоците учествуваше и Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје. Податоците за последната анкета беа прибирани со теренска анкета во периодот од 7 до 25 август 2018 година. Анкетата е спроведена на национален репрезентативен примерок од 1000 испитаници. 

Истражувањето е дел од проектот „Топ тема на ваша страна“, што го поддржа УСАИД. 

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Пресметките на излезноста го доведуваат во прашање цензусот на референдумот