Студентите од дијаспората горди на своето културно наследство |
E mërkurë, 05 shtator 2018 15:11 | |||
Кристина Блажевска од Австралија, Емилија Димитриевски и Ванеса Овен (Vanessa Owen) од Канада и Еван Симов (Evan Simoff) од САД, имаа можност да ја посетат Македонија за време на нивниот студиски престој кој е комплементарен на нивните академски цели, на нивната кариера или на нивните општи интереси. Во рамки на проектот „Родум од Македонија“, тие обавуваа пракса во кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Таскфорс БПО и во клиниката „Жан Митрев“. За време на нивиот престој, тие живееја со семејства-домаќини и одблизу ги видоа секојдневието и културата на Македонците. Покрај ангажманот во текот на работните денови, четворицата имаа можност да патуваат во текот на викендите и да дознаат повеќе за Македонија. Погледнете го видеото за да ги слушнете впечатоците на учесниците.
|