Презентиран новиот Извештај за проценка на корупцијата во Македонија - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Презентиран новиот Извештај за проценка на корупцијата во Македонија PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 30 gusht 2016 15:27

Денес (30 август 2016 година) во Скопје, Програмата на УСАИД за антикорупција, спроведувана од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го презентираше новиот „Извештај за проценка на корупцијата во Македонија во 2016 година“.

Prezentiran noviot Izveshtaj za procenka na korupcijata vo Makedonija

Емина Нурединоска, еден од авторите истакна: „Перцепциите за корупцијата се непроменети споредбено со 2014 година, а нивоата на коруптивен притисок и виктимизација се влошени. Коруптивниот притисок од страна на службените лица и вклученостa од страна на граѓаните бележат зголемување споредбено со истражувањето од 2014 година, а отпор кон корупцијата речиси и да не постои, односно на 30,5 % од граѓаните им бил побаран поткуп, а 29,2 % дале поткуп.

Бројот на лица осудени за давање или примање поткуп е многу мал, особено ако се спореди со податоците од претходните години. Не постои навика на пријавување случаи на корупција меѓу граѓаните. Имено 83,5 % од граѓаните не пријавиле случај на корупција на некоја институција задолжена за жалби, наспроти само 7,4 % кои го пријавиле случајот во некоја од институциите.

izvestaj-za-procenka-na-korupcijata-vo-makedonijaСудиите, министрите и пратениците перципирани како најкорумпирани.“ Нурединоска додаде и дека тоа што загрижува и за што треба да се обрне повеќе внимание во иднина е поголемата толеранција, односно прифатливост на корупцијата од страна на младите на возраст од 18 до 29 години.

Покрај Националниот извештај, г. Руслан Стефанов од Центарот за изучување на демократијата од Бугарија ги презентираше наодите од Регионалниот извештај за проценка на корупцијата во Западен Балкан. Најдобро котира Хрватска каде, на 12 %  од граѓаните им бил побаран поткуп, а дале 9 % од нив. Македонија се наоѓа на дното, односно едно место пред последната на листата, Албанија.

Извештајот е подготвен како дел од Програмата на УСАИД за борба против корупцијата ја спроведува МЦМС со партнерите: Институтот за демократија Социетас цивилис – Скопје (ИДСЦ), Транспарентност Македонија и Асоцијацијата за демократски иницијативи – Гостивар (АДИ).


Te nderlidhura:

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Презентиран новиот Извештај за проценка на корупцијата во Македонија