Анализа: Огледало на Владата 2012 |
E martë, 16 prill 2013 15:06 | |||
Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) ја изготви публикацијата „Огледало на Владата 2012: учество на јавноста во процесите на подготовка на закони“ којашто треба да им послужи на граѓанските организации, државните службеници и општо на јавноста да се информираат за отвореноста на институциите и да ги зголемат знаењата за процесите на подготовка на закони. Анализата треба да придонесе кон застапеноста и учеството на граѓанското општество во подготвувањето и спроведувањето на јавните политики, преку воспоставување модел за следење на отвореноста на процесите на подготовка на закони и информирање за спроведувањето на постоечките механизми со кои е предвидено вклучување на јавноста. Анализата се состои од два дела. Првиот дел ги содржи резултатите добиени со прашалници испратени до државните институции во периодот 1 март –31 октомври 2012 г. Преку нив е оценета отвореноста на државните институции во комуникацијата со јавноста и отвореноста на процесите на подготовка на 26 акти на 12 министерства. Во вториот дел се претставени резултатите од следењето на минимумот стандарди за учество на јавноста во подготовка на законите, односно запазувањето на временскиот рок за консултации за објавените предлог-закони на Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР) во периодот од 1 март до 31 октомври 2012 г. Исто така е направен преглед како министерствата ги користат своите веб-страници за објавување на предлог-законите и за информирање на јавноста за можноста да се вклучи во подготовката на предлог-законите. Главни заклучоци произлезени од анализата се:
За сите заклучоци следат и препораки за подобрувања кои треба да придонесат кон зголемување на вклучување на јавноста во процесите на подготовка на закони. Анализата е подготвена како дел од проектот „Огледало на Владата“ кој е финансиран од Европскиот инструмент за човековите права и демократијата (ЕИДХР) од Европската Унија.
|