МЦМС избра нов Совет |
E martë, 18 dhjetor 2012 15:47 | |||
На 14 декември 2012 година, на седницата на Советот беше избран новиот состав на ова највисоко управувачко тело на МЦМС. Мандатот на Советот е 2012-2016 година. Новиот состав на Советот го сочинуваат: Лилјана Алчева (Хабитат), Габриела Мицевска (ЦЕПроСард), Самет Скендери (ИнСок), Звонко Шаврески (Полио плус), Бехиџудин Шехапи (Ел хилал), Бобан Мицевски (Македонска православна црква), Јагуп Селимоски (Исламска верска заедница), Бјанка Суботиќ (Еврејска заедница), Владимир Мисев (Институт за демократија), Ризван Сулејмани (Институт за политички и интекултурни студии), Ганка Цветанова (Охрид – Институт за економски стратегии и меѓународни односи), Сашо Клековски (предлог на два члена на Управниот одбор), Горан Михајловски (Вест), Ратко Лазаревски (Нова Македонија), Славко Велевски (општина Могила), Душица Перишиќ (ЗЕЛС) и Беким Имери (Светска банка). МЦМС им се заблагодари на досегашните членови на Советот за нивниот придонес во развојот на организацијата во претходните години. На новите членови им посака успешна работа.
|