Ќе се развиваат седум предлог проекти - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Ќе се развиваат седум предлог проекти PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 24 shtator 2012 08:54

На 20 септември 2012 година се одржа третата форумска сесија во општина Желино. Во просториите на ОУ “Луиѓ Гуракуќи во с. Желино, осумдесетина граѓани разговараа концептите што ги подготвија работните групи: Изградба на втора фаза на ОУ “Пашко Васа“ во село Копачиндол; Опремување со основен инвентар на училиштата во о. Желино; Доградба и опремување на библиотека и кабинет за информатика во ОУ “Луиѓ Гуракуќи“ во село Желино; Изградба на спортски терени во три ОУ во с. Групчин, с. Чифлик и с. Дебрце и Поставување на пристапни рампи за децата со посебни потреби. Дискусијата за овие концепти поттикна двајца граѓани да истакнат уште два предлога за развивање на предлог проекти и тоа за изградба на ОУ во село Новосело за изградба на ОУ во село Мерово. Сите предлози ја добија поддршката на форумот и ќе бидат доработени како предлог проекти.

ke-se-razvivaat-sedum-predlog-proekti-1

„Трет пат сум на форумска сесија и доаѓам со задоволство затоа што овде имаме можност слободно да се изразуваме и да предлагаме решенија,“ реле Неим Усеини, од с. Желино. За Себинас Авдиу, од с. Дебрце, оваа сесија беше прва средба со форумскиот процес. „Секоја чест на организаторите, за прв пат видов една средина каде сите разговараа за секој проблем. Посебно ми се допаднаа презентациите каде што видов дека е вложен сериозен напор, соодветена селекција на темите на концепти“, рече тој.

ke-se-razvivaat-sedum-predlog-proekti-2

Пред крајот на сесијата беа формирани работни групи за развивање на концептите во предлог проекти. Следната форумска сесија ќе се одржи на 9 октомври 2012 година.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Ќе се развиваат седум предлог проекти