ЗЗФ, економските активности и организациите од јавен интерес - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

ЗЗФ, економските активности и организациите од јавен интерес PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 24 shtator 2012 10:16

За да се придонесе кон подобрена одржливост на граѓанскиот сектор преку примена на новините кои ги донесе Законот за здруженија и фондации (ЗЗФ) беа организирани три информативни настани во периодот 18-20 септември 2012 г. во Струмица, Битола и Гостивар. Емина Нурединоска ги презентираше меѓународните практики и националното законодавство, пред сѐ ЗЗФ, во однос на практикувањето економски активности и примената на статус на организации од јавен интерес. Четириесетина граѓански организации расправајќи за можностите што ги нуди ЗЗФ, ги идентификуваа и предизвиците со кои се соочуваат при нивната примена.

zzf-ekonomskite-aktivnosti-i-organizaciite-od-javen-interes-bitola

Најголем предизвик е неусогласеното толкување на дел од одредбите од различни институции. Граѓанските организации не се доволно упатени за можностите и обврските кои произлегуваат од занимавањето со економските активности, како во однос на даночните закони, така и во однос сметководствените правила, ангажираниот персонал и сл. Во однос на статусот од јавен интерес беше констатирано дека во моментот не нуди особени придобивки за граѓанските организации, што е една од причините за малиот интерес за негово добивање. Друга причина е малата информираност за процедурите за добивање на статусот на ОЈИ.

zzf-ekonomskite-aktivnosti-i-organizaciite-od-javen-interes-strumica

Присутните граѓански организации препорачаа да се подготват прирачници за економски активности и организации од јавен интерес, како и информативни настани и обуки и за вработените во државните институции, пред сѐ Централниот регистер на Република Македонија и Управа за јавни приходи, како и за сметководителите на граѓанските организации.

Настаните беа организирани во рамките на проектот „Овозможувачка правна рамка”, спроведуван од МЦМС и Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ) , а поддржан од МЦМС и УСАИД.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme ЗЗФ, економските активности и организациите од јавен интерес