Јавната размена на мислења е услов за зрелост на општината - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Јавната размена на мислења е услов за зрелост на општината PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 21 shtator 2012 10:19

На 19 септември 2012 година, со одржувањето на првата сесија започна буџетскиот форумски процес во општина Аеродром. На сесијата присуствуваа 150 граѓани на општината и гости.

javnata-razmena-na-mislenja-e-uslov-za-zrelost-na-opstinata-1

„МЦМС и општина Аеродром по втор пат заедно ќе спроведуваат форуми во заедницата“, рече Димче Митрески, извршен директор на МЦМС. „Граѓаните ќе бидат со процесот на креирање на буџетот и ќе можат да даваат свои препораки за буџетот на општината за 2013 година.“ Борче Христов, раководител на Одделението за буџетска координација во општина Аеродром им порача на граѓаните дека секоја идеја ќе биде сериозно сфатена и разгледана зошто општината постои за граѓаните.

Граѓаните ја разгледаа структурата на буџетот, дискутираа за реализацијата на стратешкиот развоен план и приоритетите за развој на општината за 2013 година и дадоа 22 предлози за новиот буџет. На посебна работилница, општинската администрација заедно со преставници од граѓаните ќе ги разгледа можностите за вклучување на овие предлози како приоритети за развој на општина Аеродром за 2013 г.

javnata-razmena-na-mislenja-e-uslov-za-zrelost-na-opstinata-2

„Пресреќни сме што имаме шанса да направиме соработка со општината бидејќи се работи за една од најпрогресивните општини. Транспаретноста е процес кој води кон демократизација на едно општество и без јавна размена на мислења не може да се стекне зрелост. Како здружение сакаме да реализираме проект и за почеток да направиме едно пилот училиште за деца со посебни потреби и ретки болести“, рече Ребека Јанкоска- Ристевски, претседател на Здружение „Дајте ни крилја‘‘.

Беше направена структурата на форумот и утврдени правилата по кои ќе се работи. Втората форумска сесија е закажана за 10 октомври 2012 година.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Јавната размена на мислења е услов за зрелост на општината