Битола, Дебар и Јегуновце ги добија првите стратегии за соработка со ГО - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Битола, Дебар и Јегуновце ги добија првите стратегии за соработка со ГО PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 30 mars 2012 00:00

МЦМС, во рамките на проектот „Граѓански дијалог на локално ниво“, го водеше процесот на подготовка на стратегии за соработка помеѓу граѓанските организации и општините во Битола, Дебар и Јегуновце.

IMG 1319

Стратегиите се усвоени од страна на советите во трите општини во декември 2011 г. Временската рамка за спроведување на стратегиите е четири години и тие ќе се спроведуваат во периодот од јануари 2012 до декември 2015 година.

Стратегиите се подготвени на консултативен начин со голема вклученост на граѓанските организации во периодот од септември до ноември 2011 година, во две фази: прво беа формирани работни групи за подготовка на концепт на стратегиите, а потоа во втората фаза предлог – концептот на стратегиите беа дискутирани на форумски настани со голема група организации и претставници на советите на општините. 

Процесот на подготовка на стратегиите се заврши со консултативна дводневна работилница на Програмскиот одбор на проектот „Граѓански дијалог на локално ниво“, кој беше составен од претставници од трите пилот-општини во проектот (Битола, Дебар и Јегуновце), претставник на Министерството за локална самоуправа, претставник на ЗЕЛС и претставници на МЦМС.

Проектот беше финансиски поддржан од Европската Унија преку Инструментот за демократија и човекови права (ЕИДХР).

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Битола, Дебар и Јегуновце ги добија првите стратегии за соработка со ГО