Умерено и добро развиено граѓанско општество – со големи предизвици пред себе - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Умерено и добро развиено граѓанско општество – со големи предизвици пред себе PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 29 korrik 2011 10:17

IGO rezime[Прес соопштение] МЦМС го публикуваше Резимето и препораките за идните политики за граѓанското општество, како и целосниот аналитички извештај под името „Долг пат до поголем граѓански ангажман". Резимето треба да послужи како насока за владата, за клучните чинители и за граѓанското општество за преземање активности потребни за зајакнување на граѓанското општество и справување со слабостите идентификувани во истражувањето Цивикус - Индекс на граѓанското општество (ИГО) од 2009 до 2011 г.

Наодите од ИГО го дефинираат граѓанското општество во Македонија како умерено добро развиено. Најсилните аспекти на граѓанското општество се неговото ниво на организација и практикувањето вредности. Сепак, граѓанското општество не ја користи ефикасно својата внатрешна силна страна за да влијае на општеството или да ги мотивира граѓаните да учествуваат во неговите активности. Влијанието на граѓанското општество врз општествените проблеми и политики е умерено или просечно, а граѓанското учество е ниско. Надворешната околина во која дејствува граѓанското општество во Македонија е делумно поволна.

Според препораките, граѓанското општество треба да стане водечка сила за искоренување на сиромаштијата и во борбата против корупцијата. Поместувањето од маргинална тема во фокусот на приоритетите на граѓанското општество значително ќе го смени пристапот кон проблемот.

Од застапување за политики треба да оди кон набљудување на нивното спроведување и буџетот. Досегашниот успех во влијанието врз јавните политики е умерен. Во следниот период, треба да се обрне внимание на спроведувањето на законите и политиките, вклучувајќи го и националниот буџет. За да се постигне ова, граѓанските организации треба да го зајакнат својот капацитет. Во извештајот се дадени примери за влијанието на граѓанското општество на носењето на Законот за спречување и заштита од дискриминација и на националниот буџет од организациите за родова еднаквост.

Граѓанското општество треба да се насочи кон интензивирање на односите со граѓаните, со што би се зголемиле нивната доверба, учество и волонтирање во граѓанските организации.

Потребни се силни партнерства за одржливо граѓанско општество. Еден од првите чекори е надминување на историскиот јаз меѓу политичките партии и граѓанските организации и понатамошно јакнење на соработката меѓу бизнис-асоцијациите, синдикатите и граѓанските организации.

Неопходен е суштински граѓански и социјален дијалог. Граѓанските организации треба да се вклучат во работата на Собранието, во работните групи во Владата, како и во процесот на европска интеграција. Треба понатаму да се развиваат добрите односи на локално ниво меѓу општините и граѓанското општество, како и односите со деловниот сектор.

Треба да се направат напори за обезбедување финансиска одржливост на граѓанското општество. Има потреба за подобрување и зајакнување на директната државна поддршка (вклучувајќи ги и приходите од игри на среќа), како и да се овозможат даночни олеснувања и развој на статусот на организации од јавен интерес. Конкретните препораки за се постигне ова се дадени во резимето.

Граѓанското општество во Македонија во втор пат беше дел од ИГО. Во периодот 2009-2011 г. ИГО е спроведен во околу 40 земји под координација на меѓународната мрежа на граѓанското општество Цивикус: Светска алијанса за граѓанско учество.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Умерено и добро развиено граѓанско општество – со големи предизвици пред себе