Почна постапката за избор на нов Одбор на директори на МЦМС |
E enjte, 16 qershor 2011 12:03 | |||
МЦМС го објави конкурсот за избор на нов Одборот на директори (ОнД), откако заврши мандатот на ОнД во состав Сашо Клековски, прв извршен директор и Александар Кржаловски, извршен директор. Управниот одбор на седницата одржана на 9 јуни 2011 година ја прифати Информацијата за избор на ОнД, донесе Решение за Номинациски комитет за избор на нов ОнД, и Решение за именување на вршители на должност ОнД. За вршители на должност со изборот на ОнД, се именувани Александар Кржаловски, в.д. прв извршен директор, и Димче Митрески, в.д. извршен директор. Конкурсот е отворен до 30 јуни.
|