Ставови на граѓаните за решение на билатералниот спор на Македонија со Грција |
E martë, 01 shkurt 2011 16:55 | |||
[Прес соопштение] МЦМС спроведе повеќе истражувања за прашања од општествен интерес, меѓу кои и ставовите за решение на билатералниот спор на Македонија со Грција. Истражувањето покажа дека половина од граѓаните се против каква било промена, четвртина за „двојната формула“ и четвртина за едно од три други решенија. Најмалку прифатливи се решенијата за ново име за сите употреби или договорено име за сите меѓународни комуникации. За 15,7 % од граѓаните е неприфатливо Македонија да не прифати никаква промена. Разликите во однос на ставовите се јавуваат на етничка основа, но не и на партиска основа. Никаква промена (60,2 %) и „двојната формула“ (28,3 %) се два најприфатливи избори за етничките Македонци. Тие заедно чинат 88,5 %. Ново име (31,3 %) и договорено име во меѓународните организации (28,6 %) се два најприфатливи избори за етничките Албанци. За етничките Македонци ново име за сите употреби е најмалку прифатлив избор, а за етничките Албанци најмалку прифатлив избор е никаква промена. Мнозинството на симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, како и на граѓаните кои не се симпатизери на политички партии се одлучиле за никакви промени како прв најдобар избор кој ги одразува нивните ставови. Потребен е зголемен дијалог меѓу двете најбројни заедници во Македонија. Никаква промена е прв најприфатлив избор за 60,2 % од етничките Македонци, а истиот е најмалку прифатлив за 40,5 % од етничките Албанци. Северна, вардарска и горна се неприфатливи географски придавки/додавки за мнозинството граѓани. Во однос на ставовите, се повторуваат разликите на етничка и партиска основа. Граѓаните кои не прифаќаат ниту една од прашаните придавки/додавки (60,9 %) се повеќе од граѓаните за кои најдобар избор е „никаква промена“ (48,4 %). Разликата може да се толкува дека за граѓаните се поприфатливи други придавки/додавки кои не се поставени во анкетата. Но, поверојатно е дека тоа е во сооднос со збирниот број на граѓани од 64,5 % на кои прв најдобар и втор најдобар избор им е „никаква промена“ или со збирниот број на граѓани од 73,4 % на кои прв најдобар избор им е „никаква промена “ и „двојната формула“. Владата и Собранието со мандат за одлучување, а секој трет граѓанин поддржува „рамковен формат“. Постои поделеност во однос на потребата за одржување советодавен референдум меѓу граѓаните кои се за со 54,4 % и граѓаните кои се против и не знаат. Прашањето е поставено во рамките нa теренска анкета - лице во лице, во домаќинствата во декември 2010 г. на репрезентативен примерок од 1.050 испитаници. Популациската рамка на примерокот беше население постаро од 18 години, а критериуми за репрезентативност беа: пол, етничка припадност, возраст, место на живеење и региони. Теренската анкетата за МЦМС ја спроведе Институтот за социолошки и правно-политички истражувања (ИСППИ). Ставови на граѓаните за решение на билатералниот спор на Македонија со Грција
|