Управниот одбор вчера, 21 јули 2011 г. го избра новиот Одбор на директори на МЦМС и тоа Александар Кржаловски е избран за прв извршен директор, а Димче Митрески за извршен директор на МЦМС, со мандат до 2016 година.
Работната верзија на студијата за Охридскиот рамковен договор (ОРД) беше презентирана пред 13 членови на Советодавниот комитет за истоименото истражување. Членовите на Советодавниот комитет, претставници на институциите релевантни за спроведувањето на ОРД ги слушнаа првичните наоди и заклучоци за ок [ … ]
На 13 јули 2011 година, во хотелот Холидеј ин во Скопје МЦМС ја одржа меѓународната конференција „Граѓански дијалог на локално ниво". Целта на конференцијата беше да се согледаат регионалните и домашните искуства за соработка меѓу властите и граѓанските организации на локално ниво, и да се предложи [ … ]
[Прес соопштение] МЦМС спроведе сеопфатна студија на Охридскиот рамковен договор. Дел од таа студија е истражувањето на меѓуетничките односи во Македонија. Истражувањето на меѓуетничките односи се објавува во четири дела. Сега го објавуваме делот 4 „Квалитет на меѓуетнички односи".