Повеќе од 350 граѓани учествуваа на информативните сесии за Цивика мобилитас - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Повеќе од 350 граѓани учествуваа на информативните сесии за Цивика мобилитас PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 23 dhjetor 2014 15:45

Од 15 до 19 декември 2014 година се одржаа седум информативни сесии посветени на Цивика мобилитас општо, но пред сѐ на првиот повик за институционални грантови. Повеќе од 350 претставници на над 300 граѓански организации од цела Македонија на информативните сесии во Струмица, Штип, Делчево, Скопје, Битола, Струга и Гостивар имаа можност да слушнат повеќе за програмата и за начинот на пријавување на првиот повик.

bitola-informativna-sesija

Тимот на Цивика мобилитас детално ја објасни постапката за аплицирање и содржината на пријавата. Особено внимание беше посветено на самооценката како алатка што за прв пат се применува во постапката на аплицирање за грантови. Самооценката се состои од пет дела кои се компатибилни со пристапот на Цивика мобилитас и димензиите на Индексот на граѓанско општество (практикување вредности, граѓански ангажман, ниво на организација, перцепција на влијание и околина). Пополнувањето на прашалникот за самооценка ќе ги обезбеди потребните информации за планирање на развојот на граѓанските организации, што е основа за пријавата за грант.

Учесниците имаа можност да разговараат со тимот на Цивика мобилитас за поконкретни прашања во врска со програмата и повикот. Прашањата и одговорите ќе бидат споделени на веб-страната на Цивика мобилитас: http://civicamobilitas.mk/mk/komponenti/2/cm-ins-01/q-a

skopje-informativna-sesija

Повикот за институционални грантови беше отворен на 10 декември. Рокот за поднесување на пријавите е 26 јануари 2015 година. За прашања поврзани со повикот, организациите можат да контактираат со канцеларијата на Цивика мобилитас најдоцна до 12 јануари 2015 година на телефон 02/3065 381 или на е-пошта: Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë

Програмата за поддршка на граѓанското општество Цивика мобилитас е поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка, а ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ).

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Повеќе од 350 граѓани учествуваа на информативните сесии за Цивика мобилитас