Финансиите се само еден аспект од одржливоста на граѓанските организации - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Финансиите се само еден аспект од одржливоста на граѓанските организации PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 22 dhjetor 2014 14:29

На 25 и 26 ноември 2014 г. во Оксфорд, Велика Британија се одржа работилница на тема „Градење одржливост на граѓанските организации“ во организација на ИНТРАК од Лондон. Симона Огненовска и Дарко Димов учествуваа како претставници на МЦМС. На работилницата учествуваа 80 претставници на граѓански организации, социјални претпријатија, претставници на приватен сектор, меѓународни организации од целиот свет и споделија искуства и практични примери за одржливоста на граѓанското општество.

finansiite se samo eden aspekt od odrzhlivosta na gragjanskite organizacii 2

Зборуваа претставници на различни чинители на граѓанското општество што овозможи споделување на методи и алатки за актуелната дебата и рефлектирање на можностите и предизвиците кои претстојат на глобално и локално ниво. Дискутирани беа клучните прашања и предизвици: одржливоста на граѓанските организации кои функционираат во различни контексти; како меѓународните организации им помагаат на граѓанските организации да станат поодржливи и најдобрите практики на донаторите за обезбедување одржливост на примателите/партнерските организации.

Одржливоста на граѓанското општество не е само обезбедување финансиски ресурси. Одржливоста е мултидимензионална и ги опфаќа легитимитетот на организацијата, силното водство и јасната мисија и вредности како важни аспекти, како и контекстот во кој функционира организацијата. Финансирањето е сепак најважниот аспект за долгорочниот опстанок и ефективност на граѓанските организации. Показател за потенцијална неодржливост на граѓанските организации претставува преголемата зависност од строго наменски средства. Финансиската одржливост зависи од диверзифицираноста на приходите и можностите за пристап до нови средства.

finansiite se samo eden aspekt od odrzhlivosta na gragjanskite organizacii

Глобални трендови кои беа дискутирани на работилницата и кои и понатаму треба да се разгледуваат за обезбедување одржливост на граѓанските организации се вршење на економски активности, развој на нови социјални претпријатија, социјално претприемништво и модели за социјална франшиза. Понатаму во посебна сесија беа разгледувани и важноста од потенцијалот на давањето од дијаспората, филантропија, краудсорсинг, волонтерство итн. 

Актуелизација на дебата за одржливоста, зголемување на знаењата на граѓанските организации, споделување на добри практики и успешни примери е важно за опстанокот и понатамошниот развој на граѓанското општество во Македонија. Клучно ќе биде навремено и свесно градење на слика за потенцијалната трансформација на секторот и улогата која сака да ја преземе во иднина.

Учеството на работилницата се спроведе во рамки на проектот „Acquis на балканското граѓанско општество: Јакнење на потенцијалот и капацитетите на граѓанските организации за застапување и лобирање“. Проектот е спроведуван од БЦСДН и членките на БЦСДН, во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ) и Европската мрежа на национални граѓански организации (ЕННА), а финансиски поддржан од Европската Унија.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Финансиите се само еден аспект од одржливоста на граѓанските организации