Networks and Coalitions in Macedonia |
![]() |
![]() |
![]() |
Автор: Наташа Габер – Дамјановска
Соработката, партнерствата и вмрежувањето со актуелни теми кои се повеќе се наметнуваат во расправата за граѓанското општество и неговите напори да биде поефективно и да остварува поголемо влијание врз општествените текови. Ефективното мрежно работење е битен сегмент од социјалниот капитал на секоја организација и станува се позначајно, и тоа и на национално и на меѓународно ниво во контекстот на новите предизвици кои претстојат на нашата земја. За граѓанските организации е се позначајно да ги здружуваат своите напори, знаења и се поограничените ресурси. Затоа е важно да се истражат и анализираат практиките на вмрежување и соработка за да може да се научи од нив. Првите вакви обиди МЦМС ги направи како дел од истражувањето Индекс за граѓанското општество во Република Македонија. Сепак, истражувачкиот тим се соочи со недостаток на доволно податоци. Ова публикација е прв обид оваа тема да се истражи посеопфатно. МЦМС ја подготви оваа публикација во рамките на проектот „Истражување за мрежи, коалиции и чадор – организации“, кој е дел од Програмата на Граѓанската платформа на Македонија (ГПМ) 2006-2007 „Национална платформа/форум на граѓанското општество“, поддржана со финдови на Европската Унија преку Европската агенција за реконструкција. |