6 Forum of Civil Society in Macedonia, Different but equal - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

6 Forum of Civil Society in Macedonia, Different but equal PDF Print E-mail

Уредник: Гонце Јаковлеска
Дата: 2007 година
PDF:
6-forum-na-gragjanskoto-opstestvo-vo-makedonija-ednakvi-a-razlicni-2007.pdf

6-ти НВО Саем – Форум на граѓанското општество во МакедонијаШестиот НВО Саем – Форум на граѓанското општество во Македонија се одржа од 16 до 17 ноември 2007 година на Скопскиот саем. Мотото на НВО Саемот оваа година беше „Различни, а еднакви“, што ја одразуваше фокус-темата – еднакви можности за сите. Фокус-земјата за овогодинешниот НВО Саем беше Република Бугарија.

Вкупно 130 граѓански организации, цркви и верски заедници, владини и меѓувладини организации ги презентираа своите резултати, но и своите планови за идниот период. Во двата дена на Саемот тие имаа можност да ги продлабочат контактите, да остварат нови, да поразговараат за проблемите, но и за вредностите на кои се потпира граѓанскиот сектор. Времето го искористија и за дебатирање за новите можности и предизвици кои стојат пред сите. Граѓанските организации и оваа година ја искористија можноста да и се претстават на јавноста, нудејќи им ги информациите на посетителите, но и на заинтересираните медиуми.

„Различни, а еднакви, не е само моментален тренд, туку историски предизвик на човечката цивилизација“, рече во своето поздравно обраќање Сашо Клековски, извршен директор на МЦМС. „Плурална (разнолична) Македонија направи повеќе чекори за еднаквите можности, како што е Охридскиот рамковен договор. Време е за ’нов рамковен договор за сите’: еднакви можности и  недискриминација за сите. Време е за интеграција на различните борби и движења за еднаквост по која било основа во пошироко движење за еднакви можности на сите и недискриминација. Со тоа ќе дадеме клучен придонес во зацврстување на граѓанско либералните вредности и на зацврстување на Македонија како држава на сите граѓани“, рече Клековски. „Потребно е да ги јакнеме постоечките институции за заштита од дискриминација, како што се Народниот правобранител и судството. Потребно е ново национално тело/комисија за човекови права (или еднаквост или антидискриминација). Во ’Европската година за еднакви можности за сите’, исто така, мораме да побараме еднаквост за Македонија. Спорот со Грција не само што не може да биде мултилатерален, туку не може да биде ниту билатерален спор, бидејќи не може да биде спор правото на самоопределување и слобода, правото на своја култура и идентитет. Само еднакви можеме да бидеме членови на Европската Унија (и НАТО)“, додаде Клековски.

Во името на Бугарската национална платформа на развојни организации и учесниците од Бугарија, зборуваше Ивона Кожухарова. „Ние, од граѓанскиот сектор, треба да ја играме улогата на амбасадори за подобри односи меѓу нашите земји“, рече таа.

Ерван Фуере, специјалниот претставник на Европската Унија и шеф на Делегацијата на Европската комисија рече дека не може да имаме добри политики и добри одлуки без консултации и без потполно учество на тие врз кои ќе влијаат овие одлуки. „Од суштинско значење е да се зајакне развојот на моделот за учество на граѓанското општество како предуслов за демократскиот и социо-економскиот развој на општеството“, рече Фуере.

„Граѓанскиот сектор е совеста на едно граѓанско општество“, рече во своето обраќање претседателот Бранко Црвенковски. „Невладиниот сектор организиран од невладините организации е предуслов за создавање вистински силен и ефикасен граѓански систем. Извесноста на овој сектор треба да ја бараме во решавањето на неговата одржливост“, додаде претседателот, на свеченото отворање на НВО Саемот.

Веднаш по свеченото отворање на НВО Саемот – 6 форум на граѓанското општество во Македонија, гостите ги посетија штандовите на граѓанските организации. Шестиот НВО Саем – Форум на граѓанското општество во Македонија го посетија 4.241 граѓани.

 

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home Our Work Research & Publications List of research and publications