Антикорупциска проверка на легислативата на Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Антикорупциска проверка на легислативата на Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка PDF Print E-mail

Автор: Дарко Аврамовски
Дата: Август, 2024
PDF MK: Antikorupciska_proverka_na_legislativata.pdf
PDF ALKontroll_antikorrupsion_i_legjislacionit.pdf
PDF ENAnti-Corruption_Legislation_Review.pdf

aplОрганизираниот криминал, корупцијата и финансискиот криминал се најголем предизвик за модерното казнено право. Овој тип криминал е тешко да се открие и сузбие, бидејќи сторителите се често високообразовани и моќни лица. За борба против овој проблем, на глобално ниво се преземени чекори, вклучувајќи меѓународни конвенции и директиви.

Конфискацијата на нелегално стекнатиот имот е клучна мерка во оваа борба. Иако е архаична мерка, таа е модернизирана и повторно воведена во многу земји кон крајот на 20 и почетокот на 21 век. Северна Македонија ги ратификуваше релевантните меѓународни документи и направи реформи во домашното законодавство. Во 2004 година е воведена конфискацијата на имот, а во 2008 година и проширената конфискација. Во 2023 година се проширени можностите за примена на проширената конфискација.

И покрај овие чекори, државата бележи слаби резултати во конфискувањето на незаконски стекнат имот, особено во случаи на висока корупција и сериозен организиран криминал. Ова е констатирано во извештаи на меѓународни организации и домашни истражувања. Во 2021 година, државата најави подготовка на нов Закон за конфискација на имот во граѓанска постапка. Процесот на подготовка на овој закон беше критикуван како нетранспарентен, со ограничени консултации и формална проверка на влијанието на регулативата.

Поради важноста на ова прашање и загриженоста на експертската јавност, се наметнува потреба од антикорупциска проверка на легислативата на овој закон. Оваа антикорупциска проверка на легислативата утврдува и обработува неколку видови ризици, односно ризици кои се јавуваат поради: преклопување законски одредби, непрецизни дефиниции, вклучување повеќе субјекти во одлучувањето, споделени и нејасни надлежности, дискрециски овластувања, несоодветно регулирани правила на постапката. За потребите на овој документ е искористена Методологијата за антикорупциска проверка на легислативата на Државната комисија за спречување на корупцијата, како и Компаративната анализа и методологија на Регионалниот совет за соработка на Југоисточна Европа и Регионалната антикорупциска иницијатива.


Related:

 

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home Our Work Research & Publications List of research and publications