Civic Practices no. 9 |
Автори: Сунчица Саздовска, Жаклина Ѓорѓевиќ, Лилјана Алчева, Александар Николов, Виолета Бончаноска “Филантропија” и “Социјално одговорни бизниси” Овој број на Граѓански практики е посветен на “Филантропијата” и “Социјално одговорните бизниси”. Актуелноста на овие две прашања во последно време е се поголема. Граѓанските организации соочени со намалувањето на донациите од меѓународните фондации се обидуваат да се свртат кон домашните извори без разлика дали станува збор за мобилизирање од индивидуални донатори или од корпорации. Но со какви предзнаења, вештини и искуства располагаат? Дали е возможна мобилизација на фондови во услови на сиромаштија, невработеност, недоверба и апатија кај голем дел од населението во Македонија? МЦМС не можеше да не покрене дискусија на овие две теми имајќи го предвид погоре кажаното. Петмина автори, на страниците на овој број на Граѓански практики ги разгледуваат можностите и досегашните искуства во филантропијата и социјално одговорните бизниси во Македонија и споредувајќи ги со искуствата на другите земји. Во еден од текстовите посветени на филантропијата можете да најдете и податоци од истражувања за солидарните навики на граѓаните на Македонија кои го потврдуваат високото расположение за давање но и поглед на препреките во развојот на филантропијата и секако за искуствата овде и надвор од Македонија. Другиот текст се однесува на процентуалната филонтропија која е актуелна во земјите на Југоисточна Европа, а за која и во Македонија се расправаше во неколку наврати. Кај социјално одговорните бизниси ќе имате можност да ги видите согледувањата на корените на оваа појава уште во претходниот општествено и политички систем, компонентите на ваквото работење и примерит е од праксата. Во вториот текст можете да ги видите нивоата на општествена одговорност низ кои минуваат компаниите, одлично илустрирани со примери од Македонија, а во третиот текст категориите на општествена одговорност и подрачјата на корпоративно општествено дејствување. Во Македонија веќе се водат дискусии за социјално одговорните бизниси. Се надеваме дека Граѓански практики, како и до сега, ќе придонесат во тие дискусии, збогатувајќи ги за нови размислувања и ставови. |