Civic Organisations in Republic of Macedonia - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Civic Organisations in Republic of Macedonia PDF Print E-mail

Врска помеѓу државата и јавноста или изолиран ентитет? Анализа на состојбата во периодот 1990–2007

Автор: М-р Симонида Кацарска
Дата: Ноември 2008
ISBN: 978-9989-57-611-9
PDF: graganskite-organizacii-vo-republika-makedonija.pdf

Граѓанските организации во Република МакедонијаВо почетокот на 90-тите години, градењето на граѓанското општество се сметаше како дел од успешниот модел за демократизација, меѓутоа, напредокот во транзицијата покажа дека создавањето на функционално граѓанско општество е сложен процес на општествена трансформација. Клучниот фактор за ваквиот развој на настаните е напредокот во процесот на транзиција, кој укажа дека не постои предодреден начин за демократизација, доведувајќи ги во прашање претходно воспоставените модели.

Оваа студија во анализира развојот на граѓанското општество во Република Македонија во периодот 1990-2007 година.

Теоретската литература не е насочена во доволна мера кон развојот на граѓанското општество во Западниот Балкан, кој полека, но сигурно се издвојува како посебна аналитичка единка од земјите на Централна и Источна Европа (ЦИЕ). Оттука, Република Македонија досега не била предмет на сериозно истражување во однос на улогата на граѓанското општество како врска помеѓу државата и јавноста и клучен елемент на процесот на демократизација во услови на посткомунизам.

Анализата се осврнува на развојот на граѓанското општество во Република Македонија во теоретската рамка на граѓанското општество како елемент на процесот на демократизација.

Предмет на истражувањето се граѓанските организации (ГО) основани во Република Македонија од 1990 година. Во овој период, примарно поради вклучувањето на странски донатори и организации, е формирана густа мрежа на ГО. Без оглед на бројот
на ГО, Република Македонија истовремено е земја со ниско ниво на граѓански активизам во ГО, од кои повеќето носат етнички предзнак во согласност со етничката структура на општеството.

Ова истражување е насочено кон идентификуваните јазови во литературата и овозможува синтетизиран пристап интегрирајќи ги контекстуалните фактори кои влијаат на развојот на граѓанското општество во Република Македонија во теоретската рамка на
граѓанско општество и демократизација. Студијата анализира дали ГО во Република Македонија успеале да ја потврдат својата улога на претставници на широкиот јавен интерес во односот со државата. Со цел да го оцени овој динамичен процес, истражувањето се осврнува на односот помеѓу ГО, државата и јавноста. Врз основа на своите наоди, студијата тврди дека, иако ГО во периодот на транзиција бележат напредок во својот развој, сè уште постојат предизвици во нивното ефективно функционирање како врска помеѓу државата и јавноста. Ваквите предизвици се лоцираат како во односот помеѓу државата и ГО, така и во релацијата на ГО со јавноста.

Студијата е базирана на квалитативна методологија, преку архивска и теренска работа. Покрај архивската работа, авторот има спроведено и девет интервјуа со членови на ГО од различни профили. Методолошкиот пристап придонесува за оригиналноста и значењето на студијата во насока на разбирање на развојот на граѓанското општество во Република Македонија.

Елементите на студијата претставуваат плодна почва за споредба со останатите земји во транзиција, особено Албанија, која се смета за слична земја со ниско ниво на граѓански активизам.

Оваа студија е своевиден придонес кон академската литература, пред сè, преку пополнување на недостатокот на контекстуална литература за градење на граѓанското општество во Република Македонија. Исто така, заклучоците на студијата се релевантни
за градење на граѓанско општество во мултиетнички средини во услови на посткомунизам.о почетокот на 90-тите години, градењето на граѓанското општество се сметаше како дел од успешниот модел за демократизација, меѓутоа, напредокот во транзицијата покажа дека создавањето на функционално граѓанско општество е сложен процес на општествена трансформација. Клучниот фактор за ваквиот развој на настаните е напредокот во процесот на транзиција, кој укажа дека не постои предодреден начин
за демократизација, доведувајќи ги во прашање претходно воспоставените модели.

Оваа студија во анализира развојот на граѓанското општество во Република Македонија во периодот 1990-2007 година.

Теоретската литература не е насочена во доволна мера кон развојот на граѓанското општество во Западниот Балкан, кој полека, но сигурно се издвојува како посебна аналитичка единка од земјите на Централна и Источна Европа (ЦИЕ). Оттука, Република Македонија досега не била предмет на сериозно истражување во однос на улогата на граѓанското општество како врска помеѓу државата и јавноста и клучен елемент на процесот на демократизација во услови на посткомунизам.

Анализата се осврнува на развојот на граѓанското општество во Република Македонија во теоретската рамка на граѓанското општество како елемент на процесот на демократизација.

Предмет на истражувањето се граѓанските организации (ГО) основани во Република Македонија од 1990 година. Во овој период, примарно поради вклучувањето на странски донатори и организации, е формирана густа мрежа на ГО. Без оглед на бројот
на ГО, Република Македонија истовремено е земја со ниско ниво на граѓански активизам во ГО, од кои повеќето носат етнички предзнак во согласност со етничката структура на општеството.

Ова истражување е насочено кон идентификуваните јазови во литературата и овозможува синтетизиран пристап интегрирајќи ги контекстуалните фактори кои влијаат на развојот на граѓанското општество во Република Македонија во теоретската рамка на
граѓанско општество и демократизација. Студијата анализира дали ГО во Република Македонија успеале да ја потврдат својата улога на претставници на широкиот јавен интерес во односот со државата. Со цел да го оцени овој динамичен процес, истражувањето се осврнува на односот помеѓу ГО, државата и јавноста. Врз основа на своите наоди, студијата тврди дека, иако ГО во периодот на транзиција бележат напредок во својот развој, сè уште постојат предизвици во нивното ефективно функционирање како врска помеѓу државата и јавноста. Ваквите предизвици се лоцираат како во односот помеѓу државата и ГО, така и во релацијата на ГО со јавноста.

Студијата е базирана на квалитативна методологија, преку архивска и теренска работа. Покрај архивската работа, авторот има спроведено и девет интервјуа со членови на ГО од различни профили. Методолошкиот пристап придонесува за оригиналноста и значењето на студијата во насока на разбирање на развојот на граѓанското општество во Република Македонија.

Елементите на студијата претставуваат плодна почва за споредба со останатите земји во транзиција, особено Албанија, која се смета за слична земја со ниско ниво на граѓански активизам.

Оваа студија е своевиден придонес кон академската литература, пред сè, преку пополнување на недостатокот на контекстуална литература за градење на граѓанското општество во Република Македонија. Исто така, заклучоците на студијата се релевантни
за градење на граѓанско општество во мултиетнички средини во услови на посткомунизам.

 

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home Our Work Research & Publications