Рејтинзи на политичките партии - Преглед на анкетите за мерење на рејтингот - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Рејтинзи на политичките партии - Преглед на анкетите за мерење на рејтингот PDF Print E-mail

Автори: Александар Кржаловски и Фанија Ивановска
Дата: декември 2016 г.
PDF: pregled-na-anketite-za-merenje-na-rejtingot.pdf

pregled-na-anketite-za-merenje-na-rejtingotМакедонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во рамките за своите активности за следење на предвремените избори за пратеници ги следи објавите на разните агенции за рејтингот на политичките партии. Во овој извештај е презентиран прегледот на последните објави на секоја од агенциите пред престојните избори на 11 декември 2016 година. 

Прегледот е направен врз основа на информации доставени до МЦМС (анкетата е спроведена од М-Проспект) и од објавите во медиуми (Рејтинг, Фактор Плус Адриа, Павел Шатев, Брима, Димитрија Чуповски). 

Согласно со тоа, секаде каде што беше можно директно се преземени податоците од самите агенции, додека за оние од медиумите, преземени се објавуваните податоци и направени се дополнувања (назначено во текстот) за постигнување на конзистентност и обезбедување целосна информација.

Во овој преглед се објавени споредбено рејтинзите на партиите (процентот од испитаниците кои се изјасниле за таа партија на прашањето „за кого ќе гласате на изборите на 11 декември“ или слична формулација, зависно од агенцијата), според анкетите на агенциите. Споредена е прво методологијата: тип на истражување (теренско или телефонско), примерок (број на испитаници), статистичка грешка (каде што било достапно), како и периодот на анкетирање и датумот на објавување. Кај податоците кои се преземени од медиумите, за датум на објавување наведен е датумот кога била објавена во медиумот. 

Понатаму, покрај рејтинзите направена е проценка на превидениот број на освоени гласови, согласно со процените од анкетата, без да се земат предвид (т.е со ис-клучување) на неопределните, што ќе биде директно најспоредлив податок  со конечниот извештај на Државната изборна комисија (ДИК) по завршување на изборите. Се разбира, при споредбата со официјалните резултати, ќе треба да се пондерират вредностите со проценетиот број на определените гласачи во однос на постигнатата излезност, за секоја од агенциите посебно. 

Исто така, во сите истражувања има процент на статистичка грешка (од 2% до 3%) што значи дека е можен резултат во тие рамки, односно зголемувања/намалувања на изборите резултати на секоја од партиите, од она што е предвидено со анкетите.

 

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home Our Work Research & Publications