Градење капацитети на актери на граѓанското општество - извршно резиме |
Својата генерална стратегија МЦМС ја заснова на зајакнување на луѓето, особено на маргинализираните групи за учество во донесувањето на одлуки, зајакнување на капацитетите на граѓанските организации и создавање на овозможувачка околина за функционирање на граѓанското општество. Општа цел на проектот е развиени организациски и институционални капацитети на граѓанските организации и другите актери на граѓанското општество. Цел на проектот е зајакнати капацитети на ГО за одржливост. Целна група на проектот се актерите на граѓанското општество, односно формалните граѓански организации и мрежи како и сите други актери на граѓанското општество (синдикати, верски заедници и други). Очекуван резултат на проектот е: Обучени претставници на граѓанските организации како и други актери на граѓанското општество. Активностите предвидени со овој проект се категоризираат во две групи на услуги:
Претпоставки кои влијаат и придонесуваат кон постигнување на целта на проектот се: Активистите на граѓанските организации се заинтересирани за развој на своите вештини и знаења; ГО и другите актери на граѓанското општество се свесни за своите организациски и институционални слабости и волни се да ги подобрат; Активистите и волонтерите на ГО се заинтересирани да се здобијат со нови знаења на обуките; Другите актери на граѓанското општество се мотивирани за развој на организациските капацитети. Претпоставки кои влијаат и придонесуваат кон постигнување на општа цел на проектот: Учесниците од обуките ги применуваат стекнатите знаења во нивните организации; Активностите преземени од другите ГО, од државата и другите актери од областа на граѓанското општество се комплементарни со проектот и придонесуваат кон постигнување на целта на проектот. МЦМС е целосно одговорна за спроведување на програмата. Средствата за спроведување на оваа програма ќе бидат обезбедени од Евангелистичката служба за развој (ЕЕД) како и сопствени средства добиени преку партиципација на учесниците. Временскиот период на спроведување е 10 мај – 20 декември 2009 година. Буџетот изнесува 910,200 МКД (директни трошоци). |