Јавно финансирање на граѓанските организации |
Со намалувањето на клучниот извор на финансирање во минатото (странските донатори), без соодветна диверзификација и зголемување на другите извори (добротворство, економски активности итн.) од посебно значење за одржливоста на ГО е финансирањето од страна на државата. Исто така во најголем дел од земјите на ЕУ, директната поддршка од државата зазема водечко место во изворите на средства за финансирање на ГО заедно со економските активности. Во Република Македонија во изминатите четири години висината на издвоените средства од страна на државата за ГО се движи околу четири милиони евра. Овие средства најчесто не се распределуваат на транспарентен начин со претходно утврдени критериуми, а ретки се органите на државната управа кои овие средства ги распределуваат преку јавен конкурс. Иако се направени напори од страна на Владата за подобрување на финансирањето на ГО, потребни се активности за подобрување на законската рамка и транспарентноста на распределбата на финансиската поддршка. Општа цел на проектот е овозможувачка околина за ефективно функционирање на граѓанските организации. Цел на проектот е подобрено финансирање на ГО. Целна група на проектот се граѓанските организации и државните институции. Директни корисници се ГО, Министерството за финансии и Генералниот секретаријат на Владата (Одделението за соработка со НВО). Целното подрачје е Република Македонија, а локацијата на спроведување на проектот е Скопје. Очекувани резултати од проектот се: подготвена алатка за лобирање кај властите за потребата од промени во системот на финансиска поддршка на ГО од страна на државата и зголемена информираност на ГО и јавноста за јавното финансирање на ГО. Проектот ќе се спроведе преку следниве активности:
Наодите и препораките од набљудувањето и анализата на јавното финансирање ќе бидат и основа за активностите за лобирање за подобрување на мерките за овој вид финан-сиска поддршка за ГО. Застапувањето и лобирањето ќе бидат насочени кон носење закони или измени и дополнувања на постоечките закони и подзаконски акти (на пр. носење акт за определување на висината на средствата што ќе се одвојуваат од буџетот за финансирање на ГО; измени за задолжително спроведување на Кодексот за добри практики за финансиска поддршка на здруженијата и фондации од Буџетот на РМ; измени на Законот за игри на среќа и забавни игри и на критериумите и постапката за распределба на приходите од нив. Исто така ќе се остваруваат состаноци со релевантните претставници на државните институции заради подигнување на свеста за потребата од подобрување на постоечките мерки. Периодот на спроведување е од 1 март до 30 декември 2010 г . Претпоставки кои влијаат и придонесуваат кон постигнување на проектните резултати се: Подготвеност кај институциите за учество и подобрување на мерките за јавно финансирање на ГО; и Активна вклученост на претставниците од ГО. МЦМС ќе соработува со Министерството за финансии и Одделението за соработка со невладини организации во спроведувањето на активностите, како и со останатите релевантни организации и институции. Информации за активностите на проектот ќе се објавуваат редовно на веб-сајтот на МЦМС и на Граѓански свет. За најава/информирање за објавувањето на извештајот за јавното финансирање, како и на расправата и другите битни активности ќе се испраќаат соопштенија за јавноста и организираат прес-конференции. За активностите за застапување т.е. креирањето политиките ризиците доаѓаат од политичкиот контекст. Неговото влошување, како и одржувањето на референдум за името или предвремени парламентарни избори ќе значат фокусирање на властите кон други национални прашања. Ова може да влијае на одложување или неспроведување на проектните активности. |