Соработка на Владата со граѓанските организации - извршно резиме |
Во март 2006 година оформено е Одделението за соработка на Владата со граѓанскиот сектор, како одговорно владино тело кое треба да придонесе во институционалниот развој и соработка на/со граѓанскиот сектор. Владата во јануари 2007 година ја донесе Стратегијата за соработка со граѓанскиот сектор во која се определени целите, мерките и активностите за периодот од 2007 до 2011 година. По една година од донесувањето на Стратегијата констатирано е спроведување на дел од активностите, но исто така дел од истите сè уште не се започнати. Капацитетот на вработените во Одделението за соработка со невладините организации сè уште не е доволно развиен, а во отсуство на посебен програмски буџет на Одделението не може да се очекува да направи поголем напредок во меѓусебните односи на Одделението (а со тоа и Владата) со граѓанските организации, но и во процесот на координирање на спроведување на активностите на Стратегијата. Одделението сè уште не е доволно препознаено во рамките на Владата и кај граѓанските организации. Општа цел на проектот е придонес кон одговорни институции кои ги спроведуваат политиките за развој на граѓанскиот сектор. Цел на проектот е јакнење на капацитетот на владините тела за соработка со граѓанските организации и следење на владините политики кои се однесуваат на граѓанските организации. Целна група се граѓанските организации и претставници од органите на државната управа. Целното подрачје е Република Македонија, а локацијата е Скопје. Очекувани резултати од проектот се:
Проектот ќе се состои од две главни активности:
Периодот на спроведување е 1 март – 31 декември 2008 година. Претпоставки кои влијаат и придонесуваат кон постигнување на проектните резултати се:
Активностите ќе бидат спроведувани во координација со Одделението за соработка со невладините организации. Настаните кои ќе бидат организирани во рамките на проектот ќе бидат соодветно и навремено промовирани до граѓанските организации и во јавноста. Документите кои ќе бидат подготвени, покрај директната дистрибуција до организациите и органите на државната управа ќе бидат објавени и на веб страната на МЦМС и на граѓански свет. МЦМС во консултации со Одделението за соработка со невладините организации е одговорен за донесувањето на одлуките и спроведување на проектот. Како можен ризик е слабиот интерес на граѓанските организации и медиумите за следење на спроведување на Стратегијата. Проектот ќе биде финансиран од ЕЕД. Буџетот изнесува 467.600 денари.
|