Обуки и консултации - извршно резиме - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Обуки и консултации - извршно резиме PDF Print E-mail

Обуки и консултацииОд своето основање МЦМС презема активност за зајакнување на граѓаните за учество во донесувањето на одлуки, зајакнување на капацитетите на организациите на граѓанското општество и создавање на овозможувачка околина за функционирање на граѓанското општество. Програмите на МЦМС придонесуваат кон градење капацитетите на граѓанското општество, обезбедувајќи одреден степен на негова одржливост. Во новата среднорочна стратегија на МЦМС, развојот на вкоренето и динамично граѓанско општество, кое влијае на јавните политики и понатаму е една од стратешките цели на МЦМС. МЦМС има придонесено кон развојот на граѓанското општество преку градење на капацитетите на ГО и на актерите кои имаат учествуваат во неговиот развој. Исто така МЦМС придонесува и преку креирање на поволна институционална и правна околина.

Општа цел на проектот е овозможувачка околина за ефективно функционирање на граѓанските организации. Цел на проектот е зајакнати капацитети на актерите кои придонесуваат во одржливоста и развојот на граѓанското општество.

Целна група на проектот се организациите на граѓанското општество, како и институциите кои придонесуваат во развојот на граѓанското општество. Директни корисници се претставниците на организациите на граѓанското општество и државните институции. Проектот ќе се спроведува во Република Македонија, а доколку постои потреба и пошироко во регионот (на пр. Косово).

Очекувани резултати од проектот се: зајакнати капацитети на организациите на граѓанското општество и институциите; и воспоставена и подобрена соработка со институциите кои придонесуваат во развојот на граѓанското општество.

Активности преку кои ќе се постигне овој резултат се испорака на скроени обуки и консултации за знаења и вештини кои придонесуваат кон ефективно функционирање на граѓанското општество. Обуки и консултациите ќе се испорачуваат во следниве области: вмрежување и партнерства, односи со јавноста, пристап од фондовите на Европската Унија, мобилизација на ресурси, застапување и лобирање, комуникациски вештини, стратешко планирање и сл. Исто така ќе се обезбедува и фасилитација на настани и процеси.

Периодот на спроведување е од 1 февруари до 30 декември 2011 г .

Претпоставки кои влијаат и придонесуваат кон постигнување на целта на проектот се: организациите на граѓанското општество и другите актери се свесни за своите организациски и институционални слабости и се заинтересирани и мотивирани да ги подобрат своите вештини, знаења и капацитети. Претпоставки кои влијаат и придонесуваат кон постигнување на општа цел на проектот: корисниците на обуките и консултациите ги применуваат стекнатите знаења и вештините стекнати од обуките и консултациите, придонесувајќи кон овозможувачка околина за ефективно функционирање на граѓанските организации.

Информации за активностите на проектот ќе се објавуваат редовно на веб-сајтот и е-билтенот на МЦМС, како и на социјалните медиуми. Видливоста на МЦМС ќе биде обезбедена преку апликација на логото и името на сите материјали, како и поставување на платното со логото и името на сите настани кои МЦМС ги организира во согласност со нарачателот на услугата.

МЦМС е одговорен за спроведување на проектот. Во проектот ќе се применуваат стандардните системи и процедури на МЦМС. Одговорен за проектот е Валентина Чичева, обучувач/соработник на проекти. Во спроведувањето на активностите се вклучени повеќе внатрешни и надворешни соработници. Одговорниот соработник за програмата и раководителот на Одделението за граѓанско општество ќе ја надгледуваат целокупната работа. Одборот на директори, ќе учествува во насочување и советување во врска со спроведувањето на проектот. Тие исто така, по потреба, ќе учествуваат и во испораката на обуките и консултациите, заедно со останатите релевантни обучувачи и консултанти.

Проектот е помалку сложен. Ризици на проектот се: Во контекст на намалување на можностите за финансирање на граѓанските организации, истите нема да имаат финансиски можности за развој на своите вештини и знаења и капацитети преку нарачка на скроени обуки и консултации; Во контекст на зголемена конкуренција меѓу испорачувачите на обуки и консултации, актерите на граѓанското општество и другите организации и институции, обуките и консултациите да не ги нарачаат од МЦМС.

Буџетот за проектот изнесува 109.000 денари. Трошоците за проектот паѓаат на програмата Институционален развој на граѓанското општество (ИРГ). Проектот ќе биде финансиран од сопствени приходи на МЦМС.

Завршен извештај од проектот.

 

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home Our Work Programmes