Студија за социјалниот и граѓанскиот дијалог во Западен Балкан - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Студија за социјалниот и граѓанскиот дијалог во Западен Балкан PDF Print E-mail

Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСК) соработува со организациите на граѓанското општество во земјите од целиот Западен Балкан и промовира основање и/или зајакнување на  економски и социјален совет (ЕСС) и слични институции во регионот. МЦМС учествува и ги поддржува и домашните и меѓународните тела кои го одразуваат граѓанскиот и социјалниот дијалог, вклучително и ЕЕСК. Соработката се остварува преку анализи на состојби, учество на настани, а од 2007 г. МЦМС членува и во Заедничкиот консултативен комитет (ЗКК) за граѓанско општество на Европската Унија (ЕУ) со РМ. За МЦМС од посебен интерес е градењето на социјалниот и на граѓанскиот дијалог во Македонија, но и Балканот.

IMG 3514Општа цел на проектот беше овозможувачка околина за ефективно функционирање на граѓанските организации.

Цел на проектот беше подобрена соработка помеѓу граѓанските организации за прашања од заеднички интерес.

Целна група на проектот беа економските и социјалните совети и другите релевантни институции и платформи за социјален и граѓански дијалог. Директни корисници беа граѓанските организации и нивните мрежи. Целното подрачје беа земјите од Западен Балкан, а локацијата на спроведување на проектот беше Скопје. Дел од активностите се спроведуваа во главните градови на земјите од целното подрачје.

Постигнатите резултати од проектот беа: Детална анализа за постоењето и функционирањето на телата за социјален и граѓански дијалог во Западен Балкан; Проценето влијание на телата за социјален и граѓански дијалог врз донесувањето одлуки на национално ниво; Дефинирани заклучоци и препораки за структуриран и подобрен социјален и граѓански дијалог.

Проектот се спроведе преку следните активности:

  • Воспоставување и функционирање на Регионален истражувачки тим: За подготовка на студијата МЦМС воспостави Регионален истражувачки тим, составен од лидер на тимот, национални експерти и секретар. Лидерот на тимот беше одговорен за координација на истражувачките активности и подготовката на извештаите и студијата. Експертите беа одговорни за анализа на состојбата и подготовка на извештај за состојбата со социјалниот и граѓански дијалог за секоја од земјите од целното подрачје. Секретарот беше одговорен за проектот, поддршка на лидерот и експертите и планирање и спроведување на дел од истражувачките активности. За време на спроведувањето дополнително се вклучија и други лица во улога на експерти. На почетокот од спроведувањето на проектот беа организирани два подготвителни состанока. Првиот состанок се организираше со ЕЕСК во Брисел на 1 декември 2010 го. заради појаснување на целите, структурата и активностите за подготовка на студијата. Вториот состанок се организираше во Скопје на 25 јануари 2011 година, на кој учествуваа лидерот на тимот, пет национални експерти и секретарот. Дневниот ред на состанокот опфати методологија и содржина на извештаите на државите, план за спроведување, претставување на ситуацијата на социјалниот и граѓански дијалог на одделни земји и беше прегледана и прилагодна методологијата за подготовка на студијата и беше утврден детален план за спроведување.
  • Прибирање податоци и анализа на состојбата: За подготовка на студијата беа користени повеќе истражувачки методи:
    1. Онлајн деск истражување и анализа на литература беше направена за добивање секундарни и специфични информации за економскиот и социјалниот дијалог во целното подрачје, како што се: одлуки, записници, извештаи, анализи, закони и подзаконски акти, медиумски написи и др. детали за ЕСС. Истражени беа и веб-страниците на економските и социјални совети, специфични министерства и други владини органи, синдикати, организации на работодавачи, стопански комори. За граѓанскиот дијалог беше користена публикацијата „The Missing Link-Development and Functioning of Civil Dialogue in the Western Balkans“, подготвена од македонскиот национален експерт. Од прибраните информации задржани беа оние релевантни и значајни за ЕСС и слични институции за социјален и граѓански дијалог.
    2. МЦМС подготви прашалници за длабинските интервјуа. Длабински интервјуа беа спроведени лице в лице засновани на утврдениот прашалник за добивање систематско собирање на примарни податоци со релевантните претставници во целното подрачје. Во периодот март – мај 2011 г. беа спроведени 45 интервјуа со релевантни лица за социјалниот и за граѓанскиот дијалог во сите седум земји. Општата тема на интервјуата беше социјалниот или граѓанскиот дијалог во соодветната земја, со специфични прашања за функционирањето на ЕСС и слични тела, нивните силни и слаби страни и влијанието на ЕСС на национално и регионално креирање политки.
    3. Онлајн анкета и фокус групи не беа потребни како резултат на доволниот обем и релевантноста на собраните податоци, како и учеството на главните засегнати страни во интервјуата.
  • Студија за социјалниот и граѓанскиот дијалог во Западен Балкан: Во првата фаза 2011 г. експертите подготвија седум нацрт-национални извештаи според предложената методологија и истите беа прегледани и коментирани од страна на лидерот на тимот и секретарот на РИТ.

Националните експерти ги ревидираа извештаите и испратија втора верзија во првата половина јуни 2011 г., која беше коментирана и од ЕЕСК. Извештаите беа поголеми од бараниот обем (10 страници) што го отежни резимирањето и споредувањето на регионално ниво. Заради тоа се вклучи дополнителен регионален експерт. Исто така, експертите и МЦМС испорачаа повеќе од побараното во понудата на ЕЕСК, односно и посебни национални извештаи и регионална студија.

Регионалната студијата навремено беше подготвена врз основа на националните извештаи. Таа се состои од пет дела: (1) Вовед, кој се однесува на ЕЕСК, економските и социјални институции во регионот и на методологијата; (2) Социјален и граѓански дијалог, каде е презентирана состојбата со социјалниот и граѓански дијалог, како и функционирањето на релевантни тела во секоја земја посебно; поголеми настани кои влијаат на социјалниот и граѓански дијалог (3) Јаки и слаби страни, дел кој се заснова на наодите од интервјуата и анкетите за мислењето за работата на ЕСС и перцепцијата за нивното влијание на политиките; (4) Заклучоци и препораки, каде се дадени насоки за понатамошно зајакнување на ЕСС и социјалниот и граѓанскиот дијалог; и (5) Прилози. Сите делови се составени од регионален преглед проследен со резиме на извештаите по одделни земји. Националните извештаи и регионалната студија беа прифатени од страна на ЕЕСК без забелешки.

Периодот на спроведување беше од 15 ноември 2010 г. до 10 декември 2011 г.

Директните трошоци изнесуваа 787.335,50 денари.

Извршно резиме од проектот.

 

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home Our Work Programmes