Градење капацитети за ЕУ финансирање - извршно резиме - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Градење капацитети за ЕУ финансирање - извршно резиме PDF Print E-mail
Saturday, 10 October 2009 15:42

Својата генерална стратегија МЦМС ја заснова на зајакнување на луѓето, особено на маргинализираните групи за учество во донесувањето на одлуки, зајакнување на капацитетите на граѓанските организации и создавање на овозможувачка околина за функционирање на граѓанското општество.

Општа цел на проектот е развиени организациски и институционални капацитети на граѓанските организации и другите актери на граѓанското општество.

Цел на проектот е зајакнати капацитети на ГО за финансирање од ЕУ фондови.

Целна група на проектот се актерите на граѓанското општество, односно формалните граѓански организации и мрежи како и сите други актери на граѓанското општество (синдикати, верски заедници и други).

Очекуван резултат на проектот е: Обучени претставници на граѓанските организации како и други актери на граѓанското општество.

Активностите предвидени со овој проект се категоризираат во скроени обуки и консултации. Областите во кои ќе се даваат обуки и консултации се: Обуки за раководење со портфолио со осврт на раководење со ЕУ проекти; како и подготовка и испорака на нови продукти во слична област како погоре наведено, по потреба, во зависност од нарачката.

Претпоставки кои влијаат и придонесуваат кон постигнување на целта на проектот се: Активистите на граѓанските организации се заинтересирани за развој на своите вештини и знаења; ГО и другите актери на граѓанското општество се свесни за своите организациски и институционални слабости и волни се да ги подобрат; Активистите и волонтерите на ГО се заинтересирани да се здобијат со нови знаења на обуките.

Претпоставки кои влијаат и придонесуваат кон постигнување на општа цел на проектот: Учесниците од обуките ги применуваат стекнатите знаења во нивните организации; Достапните ИПА фондови за ГО и другите актери на граѓанското општество, ќе се операционализираат во 2009 година.

МЦМС е целосно одговорна за спроведување на програмата.

Средствата за спроведување на оваа програма ќе бидат обезбедени од делумно од Евангелистичката служба за развој (ЕЕД) како и сопствени средства добиени преку целосно покривање на трошоците за обуките и консултациите од организациите нарачатели на услугите.

Временскиот период на спроведување е 15 март – 20 декември 2009 година.

Буџетот изнесува 200,000 МКД (директни трошоци).

Завршен извештај од проектот.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Градење капацитети за ЕУ финансирање - извршно резиме