Политичката мисла во граѓанското општество - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Политичката мисла во граѓанското општество PDF Print E-mail
Tuesday, 27 July 2010 12:47

По повод објавувањето на јубилејното триесетто издание на магазинот „Политичка мисла“ на 13 јули 2010 г. во Скопје се одржа подиумска дискусија во организација на издавачите, фондацијата „Конрад Аденауер“ и Институтот за демократија „Социетас цивилис“. Јубилејното издание и подиумска дискусија беа на тема „Политичката мисла во граѓанското општество“. Во дискусијата учествуваа дел од авторите на објавените текстови.

Политичката мисла во граѓанското општество

Довербата меѓу граѓанското општество и Владата за амбасадорот Ерван Фуере е клучна за напредокот на Република Македонија. Според него има напредок во вклучувањето на граѓанските организации во креирањето на законите, но власта е селективна во прифаќањето на нивните предлози.

За улогата на политичките партии, граѓанското општество и универзитетите зборуваше пратеникот Александар Спасеновски. Истакна дека мора да се обезбеди единство за патот до Европската Унија и на ниво на политички партии и на ниво на етничките заедници во земјата.

Едниот од основачите на „Политичка мисла“, Андреас Клајн, како поранешен директор на фондацијата Конрад Аденауер во Македонија и сегашен во Летонија го пренесе своето видување и искуство со граѓанското општество и политичките партии во овие две земји. За него нема демократија без граѓанско општество и нема граѓанско општество без демократија. Освен политичките партии, за Клајн и граѓанските организации имаат водечка улога во надминувањето на општествените несогласувања, стекнувањето доверба и залагањето за соживот.

Од граѓанските организации, свој авторски придонес и поглед на улогата на граѓанското општество даде првиот извршен директор на МЦМС, Сашо Клековски. Граѓанското општество не може да постои без граѓани, а учеството на македонските граѓани во него е сè уште мало, истакна Клековски. По транзицијата и постигнувањето на одредена стабилност, покрај јакнењето на учеството на граѓаните потребно е и градење домашна поддршка за граѓанското општество. Тоа ќе игра значајна улога во постигнувањето взаемност на традиционалната и мултикултурна Македонија и постмодерна Европа.

Политичката мисла во граѓанското општество

Последниот дискутант, Бујар Лума, извршен директор на Центарот за балканска соработка „Лоја“ зборуваше за взаемната почит меѓу власта, политичките партии и граѓанските организации. Граѓанските организации мора да обезбедат простор без предрасуди во кој настаните ќе се одвиваат без товарот на минатото, етничката припадност, рече Лума. Доколку граѓанските организации имаат иницијативи на теренот, владата ќе прифати некоја од нив.

Модераторите ја отворија дискусијата за како да мобилизираат граѓаните и дали визната либерализација придонесе кон отворањето нови можности за младите. Можност за прашања и свои видувања имаа и присутните претставници од академската јавност, граѓанските организации, меѓународната заедница, медиумите итн. Дел од коментарите на присутните се однесуваа на апатичноста на македонски граѓани, членството во политичките партии заради лични интереси, стигматизацијата на граѓанските организации, но и на политиката.

Политичка мисла“ е тримесечно списание, кое од 2003 г. третира теми од општествениот, економскиот и политичкиот живот во Република Македонија. Во триесеттото јубилејно издание се дадени текстови во коишто се изложени размислувањата на авторите од различните сектори на општеството за граѓанското општество и владеењето на право, граѓанското општество и Европа итн. Првиот извршен директор на МЦМС, Сашо Клековски е автор на текстот „Улогата на граѓанското општество во современото општество – примерот на Македонија“.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Политичката мисла во граѓанското општество