Започна анкетата за надворешната перцепција за граѓанското општество |
Tuesday, 11 May 2010 09:42 | |||
Започна анкетата за надворешната перцепција за граѓанското општество во Република Македонија. Во анкетата се поканети да учествуваат поединци од законодавната, извршната и судската власт, деловниот сектор, медиумите, универзитетите и другите сектори, кои имаат познавања или соработуваат со организациите на граѓанското општество.
Наодите од оваа анкета, заедно со наодите од другите истражувачки активности ќе бидат анализирани и објавени во аналитички извештај и резиме за граѓанското општество во Македонија. Извештајот ќе биде корисен за планирање на активностите за развој на граѓанското општество или соработка со него. Доколку сте заинтересирани да учествувате во анкетата можете да се обратите кај Даниела Стојанова - This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it или Валентина Чичева - This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it . Анкетата се спроведува во рамките на проектот Цивикус – Индексот на граѓанското општество за Република Македонија. МЦМС за прв пат го спроведе овој меѓународен акциско-истражувачки проект во периодот 2004 – 2006 година, од кој произлезе сеопфатниот извештај за состојбата со граѓанското општество „По 15 години транзиција – од стабилизација кон граѓанско учество“.
|