Civic Practices no. 10 - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Civic Practices no. 10 PDF Print E-mail
Sunday, 29 June 2008 13:11

Автори: Марија Стамболиева, Мишо Докмановиќ, Жанета Ќосе, Киро Козаров
Дата: 2005 година
PDF:
graganski-praktiki-br.10.pdf

Граѓански практики бр. 10“Придонесот на граѓанските организации на патот кон евроинтеграциите”

Новиот број на Граѓански практики, десетти според нашата евиденција во целост е посветен на европските интеграции односно на “Придонесот на граѓанските организации на патот кон евроинтеграциите”.

Имајќи ја предвид сé поголемата упатеност на граѓанските организации и на другите сегменти од општеството на европските интеграции, оваа се поактуелна тема не можеше, а да не биде дел од Граѓанските практики.

На страниците на овој број ќе имате можност да ги прочитате размислувањата на четворица автори. Ќе имате можност да ги видите перспективите што за младинските организации се отвораат во процесот на европриближувањето, во делот на финансирањето но и во целокупното јакнење на нивните капацитети.

Еден од авторите ги разгледува фазите на интеграција на Македонија во ЕУ и можностите на граѓанскиот сектор да се јави како медиум кој гласно би ги артикулирал ставовите на граѓаните и нивните организации. Дел од анализата се однесува на претпристапните финансиски фондови кои како можност се отвораат пред земјите кандидати. Авторот овде ја гледа можноста на граѓанскиот сектор да се наметне како партнер во управувањето со фондовите.

Една од анализите се однесува на учеството на граѓанските организации во демократизацијата на процесот. Низ призмата на почитувањето на човековите права и владеењето на правото вели авторот ќе се оценува подготвеноста на Македонија за влез во ЕУ.

Во овој број ќе можете да прочитате и една конкретна соработка на граѓанскиот сектор во Македонија со оној во земјите на ЕУ. На примерот на УНИСОНО, авторот укажува на потребата од поголемо интегрирање и на тој начин запознавање на европските граѓани со македонскиот граѓански сектор.

Се надеваме дека и овој пат ви понудивме интересно четиво. Дотолку повеќе што оваа тема ќе ја експлоатираме уште многу време не само на нашите трибини и работилници туку и во практичната работа во нашите организации.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Civic Practices no. 10