Civic Practices no. 8 - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Civic Practices no. 8 PDF Print E-mail
Sunday, 29 June 2008 13:00

Автори: Марија Стамболиева, Румена Гердовска, Филип Андревски, Иван Петрушевски
Дата: 2005 година
PDF:
graganski-praktiki-br.8.pdf

“Партнерства” и “Сиромаштија”

Граѓански практики бр. 8Овој број на Граѓански практики е посветен на две теми: “Партнерства” и “Сиромаштија”. Публикацијата ви нуди анализи на четворица автори на споменатите теми.

Кога се зборува за граѓанскиот сектор во Македонија, често можат да се слушнат констатации дека организациите меѓусебно не соработуваат. Сепак, поновата историја на граѓанско организирање нуди безброј примери на успешни партнерства. Можеби мал дел од нив се стратешките, долгорочни партнерства, а поголем дел се однесуваат на партнерство во спроведување еден проект или програма, но сепак организациите создаваат партнерства.

Еден од клучните моменти во нивното создавање е меѓусебната доверба. Во овој број, една од анализите се однесува на прекуграничните партнерства и ги отвора прашањата на придобивките, но и на евентуалните ризици при создавањето такви партнерства Вториот дел од ова издание се однесува на сиромаштијата, голем општествен проблем во чие намалување, според Проценката на граѓанското општество во Македонија (2004-2005) на ЦИВИКУС - Индексот на граѓанското општество во Македонија, граѓанските организации не се впуштаат. Двете анализи на оваа тема ги разгледуваат теоретските акпекти на сиромаштијата, но даваат и насоки за нејзино ублажување, притоа посебно задржувајќи се на улогата на граѓанското општество и неговите можности и потенцијали во намалувањето на сиромаштијата. Интересни се споредбите направени со земјите од регионот на ова конкретно прашање.

Се надеваме дека и овој пат “Граѓански практики” ќе покренат дискусии за прашањата што се анализираат, затоа што токму тоа е нашата намера, да ги поттикнеме размислувањата и дебатирањата за прашањата за коишто сметавме дека се важни не само за граѓанскиот сектор, туку и за државата воопшто.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Civic Practices no. 8