Стратегија за соработка на Владата со граѓанските организации 2005-2007 |
Tuesday, 24 June 2008 10:09 | |||
Во моментот на отпочнување на спроведувањето на програмата соработката меѓу граѓанските организации и Владата не беше заснована на долгорочна стратегија. Постоеше соработка на индивидуална основа со некои од министерствата. Како примери беа: Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за млади и спорт. Во периодот после 2001 година Владата беше се појасна во своите намери да воспостави подобра комуникација и партнерство со граѓанскиот сектор Во втората половина од 2005 годината со поддршка на Европската агенција за реконструкција преку проектот „Техничка поддршка на Одделението за граѓанско општество во Владата”, Владата ја започна реализацијата на предвидените активности. МЦМС како дел од конзорциумот предводено од COWI беше најдиректно вклучен во спроведувањето на активности кои всушност се дел од програмата СГО. Општа цел на програмата беше да се даде поддршка на Владата во развојот и спроведувањето кохерентна долгорочна политика и стратегија која ќе и помогне во соработката со граѓанското општество. Цел на програмата беше да се даде поддршка на Владата, Генералниот секретаријат и новоформираното Одделение за соработка со невладините организации во развојот и спроведувањето на стратегија за соработка со граѓанскиот сектор. Резултатите кои беа постигнати со оваа програма се следните:
Во рамките на програмата беа:
Целна група на проектот беа: граѓанските организации, Владата на Република Македонија, Генералниот секретаријат и други владини институции. Директни корисници беа: персоналот на Одделението за соработка со невладините организации и релевантните службеници во министерствата и другите државни институции. Вкупниот буџет на програмата изнесува 16.893.366 денари. Проекти:
|