Tuesday, 17 February 2009 11:44 |
МЦМС ги започна подготовките за проектот „Барометар за еднакви можности“ со кој се очекува да се добијат резултати за состојбата со човековите права, еднаквите можности и недискриминацијата во Република Македонија.
Проектот предвидува спроведување анкета за еднакви можности. Прашалникот ќе содржи прања за недискриминација по најмалку шест основи утврдени од Европската комисија во рамките на Европската година за еднакви можности во 2007. Резултатите од анкетата ќе бидат основа за подготовка на Извештај за еднаквите можности кој ќе биде јавно публикуван. Се очекува проектот да заврши до крајот на октомври 2009 година.
|