По 15 години транзиција- од стабилизација кон граѓанско учество - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

По 15 години транзиција- од стабилизација кон граѓанско учество PDF Print E-mail
Wednesday, 15 November 2006 01:00

Македонскиот центар за меѓународна соработка со задоволство Ве известува дека е завршен Индексот на граѓанското општество во Република Македонија (ИГО) што беше дел од меѓународниот акциско-истражувачки проект координиран од ЦИВИКУС, Светската алијанса за граѓанско учество. „По 15 години транзиција- од стабилизација кон граѓанско учество“ е насловот на македонскиот извештај што можете да го најдете на www.mcms.org.mk; www.graganskisvet.org.mk, на www.civicworld.org.mk и на www.civicus.org/new/CSI_country_reports.asp.

Граѓанското општество во Македонија во моментов се приближува кон крајот на својот период на стабилизација. Изградено околу силни вредности, граѓанското општество, дури и ако се базира на ограничена граѓанска поддршка, е вкоренето во некои општествени групи (жени, лица со посебни потреби, млади), и игра важна улога. Граѓанското општество треба да се гради на овој успех и да се обидува да го прошири граѓанското учество во своите иницијативи. Овде, граѓанското општество ќе мора да одговори на два клучни социјални проблеми – борбата со сиромаштијата (невработеноста) и корупцијата.

ИГО на македонското граѓанско општество му даде извонредна можност за информирана дебата. Истражувањето го воведе и го популаризира концептот на граѓанското општество во Македонија и придонесе кон воспоставување нови мрежи и заеднички активности. ИГО исто така ги постави основите за заедничка стратегија за развој на граѓанското општество во Македонија, во кое сите општествени групи, чинителите во граѓанското општество, владата, донаторите и јавноста ќе ја играат својата улога.

МЦМС во текот на следниот месец и јавно ќе го промовира Индексот на граѓанското општество во Република Македонија, за што дополнително ќе бидете известени.

Цивикус - Индекс на граѓанското општество во Македонија (пдф - 2МБ)
Civicus Civil Society Index Macedonia - (pdf - 1.8MB)

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News По 15 години транзиција- од стабилизација кон граѓанско учество