Истражување - Низок јавен дух и големи очекувања од државата - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Истражување - Низок јавен дух и големи очекувања од државата PDF Print E-mail
Thursday, 31 January 2008 01:00
Македонскиот центар за меѓународна соработка на 29 јануари 2008 година го промовираше извештајот од истражувањето „Општествена одговорност на граѓаните“. Освен општествената одговорност, извештајот го анализира јавниот дух, учеството во непартиските политички активности, волонтерската активност во заедницата, учеството и активноста на граѓаните во организациите на граѓанското општество и добротворните прилози.
Анкетирањето е направено во декември 2007 година на репрезентативен примерок од 1.601 испитаник

Мнозинството граѓани (52,9%) сметаат дека државата е најодговорна за решавањето на општествените потреби. Вербата во солидарноста на граѓаните е зголемена на 39,3% од 26,4% во претходната година. Постои висока согласност (92,1 %) дека новиот развој, вработувањето и оспособувањето на граѓаните се решение за проблемите.

Постојат големи јазови меѓу изјавите за граѓанска одговорност и конкретните одговорности. Додека 88,7% од граѓаните сметаат дека постои одговорност за почитување на законите, кај јавниот дух тоа се намалува на 74,2%, а се движи меѓу 57,8% и 80,8% за одговорноста за конкретни законски обврски (данок, плаќање сметки итн.). Јазот со реалноста е веројатно уште поголем.

Македонија, и покрај малото подобрување (даноци), има низок кон умерен степен на јавен дух, изразен низ оправдувањето на неплаќање данок, јавен превоз, комунални услуги и барање повластици од Владата на кои граѓаните немаат право.

Непартиските политички активности на граѓаните се малобројни и уште се намалуваат.

Преполовени се и волонтерските активности во заедниците и подготвеноста на луѓето да направат нешто повеќе за други лица. Само во овие активности е забележана родова разлика, со поголема вклученост на мажите. Активностите во заедницата – како „машка работа“, се можен родов стереотип.

Постои  умерено намалување на вклученоста во граѓанските организации, но има голем неангажиран потенцијал на граѓанските организации. Има голем јаз помеѓу пасивниот и активниот капацитет на граѓански организации. Имено, само на случаите на познато членство (вклучително и задолжителни членарини) има десеткратна разлика помеѓу регистрираното членство и оние кои се изјасниле како вклучени во нивните активности. Најзначајна е промената во мотивацијата за учество, од основните (нови кон­­такти, личен развој) кон повисоките придобивки (помош на заедницата, мисија на организациите).

Опаднал бројот на луѓето што добротворно даруваат од 75,5 % минатата, на 64,6 % оваа година. Солидарноста и сожалувањето се главните мотиви што ги водат граѓаните во дарувањето добротворни прилози. Како најголема причина за недарувањето се наведува тоа што немаат ни за себе (10%). Прв приоритет за дарување оваа година се верските заедници. Најчесто се даруваат пари. Вообичаената сума е од 50 до 500 денари. Граѓаните најмногу сакаат да даруваат директно и на рака и преку СМС. Информациите за добротворните акции најефикасно се шират преку електронските медиуми. Има поделена перцепција за наменската употреба на средствата. Вкупно 53,2 %од испитаниците сметаа дека собраните прилози се употребуваат наменски. Потребата од информација за користењето на помошта е втор приоритет за граѓаните (27,7 %).
 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Истражување - Низок јавен дух и големи очекувања од државата