Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици PDF Print E-mail
Wednesday, 14 January 2026 15:59

За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше препознаена како најголем општествен проблем, во 2025 година граѓаните на прво место ги издвојуваат високите цени (46,6%), додека корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, растечките трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, но и дека корупцијата останува еден од клучните општествени предизвици.

antikorupcija rma 1

Иако загриженоста за корупцијата е пониска во споредба со 2023 година, кога достигна 63,5%, таа и понатаму е рангирана како втор најголем проблем меѓу понудените опции, што укажува на трајна недоверба во институциите, управувањето и отчетноста.

Во однос на другите прашања, здравствената заштита за првпат се искачува меѓу првите пет најзначајни проблеми за граѓаните, додека политичката нестабилност (15,2%) бележи пад во приоритетите. Етничките прашања (6,4%) и загадувањето на животната средина (15,5%) остануваат меѓу најретко посочуваните проблеми.

Граѓаните како главни причини за корупцијата ја наведуваат желбата за брзо лично богатење на носителите на власт (77%), неефикасниот судски систем (75%), недостигот од строг институционален надзор (74%) и непочитувањето на законите (73%). Над две третини сметаат дека антикорупциското законодавство е слабо и недоволно применливо, додека најмал дел од испитаниците ги посочуваат ниските плати во јавниот сектор како клучен фактор.

MCMS infografik 2025 1 i 2 so qr code final Page 11

Истражувањето покажува раст на коруптивниот притисок и вклученоста на граѓаните во корупција во 2025 година. Коруптивниот притисок – односно ситуации во кои граѓаните се соочиле со барање или сигнал дека се очекува поткуп – го искусиле 36,7% од испитаниците, додека 30,6% изјавиле дека биле вклучени во корупција. Во споредба со 2023 година, тоа претставува зголемување од над пет процентни поени кај двата показатели. Разликата меѓу притисокот и вклученоста во 2025 година останува речиси на исто ниво, што укажува на стагнација во отпорот на граѓаните кон корупцијата.

Проекциите укажуваат дека на околу 536 илјади полнолетни граѓани им бил побаран поткуп барем еднаш, а над 448 илјади дале поткуп во текот на изминатата година, што укажува на широка распространетост на административната корупција. Ако се земе предвид дека станува збор за поединечни случаи, тоа значи најмалку 447.839 потенцијални коруптивни акти годишно.

MCMS infografik 2025 1 i 2 so qr code final Page 21

rma car 2025 bookИзвештајот за проценка на корупцијата во Северна Македонија- 2025“ , е подготвен од страна на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) како дел од проектот „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење на капацитетите за застапување врз база на докази, влијание врз политиките и граѓански ангажман (СЕЛДИ.нет)“, финансиран од Европската комисија.


Related:

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици