Годишна конференција на граѓански организации за соработка помеѓу Владата и граѓанското општество |
Monday, 11 November 2024 18:08 | |||
Ви го најавуваме Националниот форум на Цивика мобилитас што ќе се одржи на 15 ноември во хотел Холидеј Ин, оваа година во соработка со Владата. Преземи ја агендата за настанот. Пријавете го вашето учество. На форумот поздравно обраќање ќе има амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија, Н.Е. Вероник Улман, а главни говорници на настанот ќе бидат: Христијан Мицкоски, претседател на Владата; Александар Кржаловски, лидер на тимот на Цивика мобилитас; и Игор Јанушев, генерален секретар на Владата. Покрај нив, со претставниците на граѓанските организации ќе дебатираат и: Изет Меџити, прв заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање; Златко Перински, министер за локална самоуправа; Зоран Љутков, министер за култура; Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација; и Викторија Трајков, заменик министерка за европски прашања. Пополнете ја пријавата за учество на форумот најдоцна до среда, 13 ноември 2024 г. до 17.00 часот. НАПОМЕНА: Бројот на места е ограничен, учеството на форумот е планирано за по еден претставник од организација. Задолжително пријавете го вашето учество. Националниот форум е најголемиот годишен настан на програмата Цивика мобилитас. Веруваме дека со Вашето учество ќе придонесете за подобрување на соработката меѓу Владата и граѓанското општество.
|