Граѓанските организации развиваа стратегии за одржливо финансирање - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Граѓанските организации развиваа стратегии за одржливо финансирање PDF Print E-mail
Wednesday, 30 October 2024 10:09

Што значи одржливост на граѓанските организации? Како се се размислува визионерски? Како да се оцени одржливоста? Кои се добрите практики во оваа област? Ова беа дел од прашањата за кои разговараа учесниците на работилницата „Добри практики за одржливост на граѓанските организации“ која ја водеше Сајмон Форестер, меѓународниот експерт на Цивика мобилитас, а се одржа на 24 и 25 октомври 2024 година во Берово.

За добрите практики на своите организации во оваа област зборуваа Јасмина Голубовска од „Легис“ и Ангела Здравковска од „Крик“. Тие ја истакнаа важноста на партнерствата, кредибилитетот и обезбедување приходи усогласени со мисијата. „Секоја можност да го надградиме нашето знаење и споделиме искуства е добредојдена за зајакнување на соработката помеѓу граѓанските организации. Цивика мобилтас го овозможува токму тоа,“ рече Голубовска.

 393956e5 9a6f 48b4 903d 9ec06c9f7338

Учесниците дискутираа за поимот одржливост во нивните организации. „Нашата визија за одржливост вклучува развој на образовни ресурси кои ги оспособуваат младите преку вештини во дебатирање и критичко размислување,“ рече Ристо Савески од Младинскиот образовен форум (МОФ). За Калина Лечевска од Институтот за општествени и хуманистички науки (ИОХН), одрживоста е обезбедување грантови за поддршка на тековните истражувања во културни, политички и родови студии, за да продолжат да ги промовираат демократските вредности.

099aab21 72a8 4e3f 9b8f 54aef4c946cf edited

Форестер ги поттикна учесниците да го пробаат концептот блу скај тинкинг (blue sky thinking) кој помага за визионерско и размислување без ограничувања. Овој метод им помогна на граѓанските организации да се оддалечат од секојдневните оперативни предизвици и да размислуваат за своите долгорочни цели. Беше презентиран и моделот на три круга на одржливост, кој им помага на граѓанските организации да ја проценат својата одржливост од аспект на мисијата, активностите и надворшните односи. Форестер истакна дека соработката меѓу секторите може да ја зголеми отпорноста и да го зајакне колективниот импакт.

3-kruga-edited.jpg

„Одличен предавач кој на многу лесен начин успеа да пренесе знаење. Истовремено, вакви средби се значајни бидејќи отворено се споделуваат искуствата од другите организации кои понатаму поттикнуваат различни иницијативи“, изјави Бистра Георгиева од Форум за разуми политики.

Учесниците ги анализираа добрите практики и развојот на стратегии за социјален маркетинг, за да се зголеми свеста за ангажирање на приватниот сетор. Тие работеа на развивање пораки фокусирани на публиката, раскажување на приказни со импакт и насочени кампањи.

nadvor-2-edited-1.jpg

На крајот, Форестер презентираше иновативни меѓународни модели за финансирање од Велика Британија, Индија и Јужна Африка. Овие примери би можеле да ги инспирираат македонските граѓански организации да истражат нови извори на приходи, вклучително и социјални претпријатија и локални партнерства.

 

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Граѓанските организации развиваа стратегии за одржливо финансирање