Од молк до моќ: Регионален одговор на SLAPP во Западен Балкан - Извештај за Северна Македонија |
Monday, 29 July 2024 13:01 | |||
Автори: Даниел Станоески, Снежна Камиловска Трповска SLAPP (Strategic Lawsuits Against Public Participation) или стратешки тужби против јавно учество се правни постапки кои се користат за заплашување и замолчување на критичари преку оптоварување со судски трошоци и долготрајни процеси. Овие тужби најчесто ги поднесуваат моќни поединци или организации против новинари, активисти или граѓани кои изразуваат критички ставови за прашања од јавен интерес. Целта на SLAPP тужбите не е да се добие правда, туку да се цензурира, заплаши и замолчи критиката. Овој извештај открива загрижувачки тренд на зголемување на стратешките тужби против јавното учество (SLAPP) во Северна Македонија. Клучни наоди вклучуваат:
Извештајот истакнува дека во Северна Македонија нема посебна анти-SLAPP регулатива, што ги остава тужените без соодветна заштита. Експертите препорачуваат:
Извештајот повикува на поголема поддршка за жртвите на SLAPP, вклучувајќи правна и финансиска помош, како и психолошка поддршка. Исто така, се нагласува потребата од поголема транспарентност и воведување јавен регистар на SLAPP случаи.
|