Штип и Гостивар кажаа едногласно НЕ на корупцијата! |
Thursday, 28 March 2024 14:38 | |||
Над 500 граѓани деновиве се приклучија на караванот со настани организиран од - „Граѓаните против корупцијата“ кои се одржаа на плоштадот „Слобода“ во Штип и во „Општинскиот парк“ во Гостивар. На овие неколку часовни средби граѓаните имаа можност да се информираат, едуцираат и запознаат со сите можности за вклучување во борбата против корупцијата. Македонскиот центар за меѓународна соработка заедно со партнерите Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ разговараа со граѓаните за состојбата со корупцијата и како и каде може да ги пријават нивните случаи. Центарот за граѓански комуникации пак, го промовираше водичот за следење на јавните набавки во нивните општини, додека Стопанската комора на Северна Македонија организираше дискусија со локалните претставници каде разговараа за предизвиците во приватниот сектор и можноста за вклучување во борбата против корупцијата. На штандовите бројни граѓани разговараа и со новинарите, односно медиумските партнери ИРЛ, 360 степени и БИРН Македонија за нивните случаи поврзани со корупција. На настаните исто така се промовираа и картичките за благодарност кои имаат за цел да ја зголемат свеста на граѓаните за формите на корупција и како да ги заменат подароците со картичка за услугите за кои веќе платиле. Програмата воедно вклучи и активности за млади и тоа интерактивен форум театар на тема корупција и дебатни дискусии за коруптивните случаи со кои младите најмногу се среќаваат. Караванот насловен ПРЕКУ ГЛАВА МИ Е ОД КОРУПЦИЈАТА продолжуваа и оваа недела, следните средби се: во Кичево, на 29 март (петок) пред „Музеј на НОБ – Запад“ со почеток од 14:00ч и 30 март (сабота) во Крива Паланка на „Градскиот плоштад“ со почеток од 11:00ч. Програмата ГПК е поддржана од УСАИД.
|