Доделени се шест грантови за недискриминација, толеранција и еднаквост |
Tuesday, 27 December 2022 17:10 | |||
Се финализираше постапката за избор на грантовите за недискриминација, толеранција и еднаквост, доделени се 6 грантови на следните граѓански организации:
Честитки за успешните апликации. Спроведувањето на овие проекти ќе допринесе кон зајакнување на напорите на граѓанските организации во борбата со дискриминацијата и почитување на принципите на еднаков третман, локално во заедниците. Одзивот на граѓанските организациите на овој повик беше голем, пристигнаа вкупно 66 апликации, а 65 апликации ја поминаа административната и оценката за подобност и беа оценети за квалитет. Сите организации успешно ја препознаа корисноста и потребата од спроведување на кампањи и активности со цел поголема промоција и едукација за недискриминација, толеранција и еднаквост во повеќе сектори и области како: маргинализирани лица, медиуми, млади, заштита на човекови права, владеење на право, демократија, родова еднаквост и заштита на деца. Од доделените грантови, два ќе се спроведуваат во Скопскиот регион, додека по еден грант ќе се спроведува во Вардарскиот, Источниот, Пелагонискиот и Полошкиот регион. Висината на поединечните грантови е до 6.000 евра. Грантовите се дел од програмата „Комисијата за антидискриминација ја остварува својата превентивна и заштитна улога“, а ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Програмата е финансирана од Европската Унија.
|