Доделени се шест грантови за недискриминација, толеранција и еднаквост - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Доделени се шест грантови за недискриминација, толеранција и еднаквост PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 27 dhjetor 2022 17:10

25

Се финализираше постапката за избор на грантовите за недискриминација, толеранција и еднаквост, доделени се 6 грантови на следните граѓански организации:  

  1. Здружението на граѓани СТАР-СТАР - Скопје
  2. Здружение Рома Прогрес – Скопје
  3. Извидничкиот одред „Димитар Влахов“ - Велес
  4. Здружение за Церебрална парализа - Тетово
  5. Центар за подобрување на квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост и нивните фамилии ПОРАКА НОВА – Битола 
  6. Здружение на правници LEGAL THINK – Штип 

Честитки за успешните апликации. Спроведувањето на овие проекти ќе допринесе кон зајакнување на напорите на  граѓанските организации во борбата со дискриминацијата и почитување на принципите на еднаков третман, локално во заедниците. 

Одзивот на граѓанските организациите на овој повик беше голем, пристигнаа вкупно 66 апликации, а 65 апликации ја поминаа административната и оценката за подобност и беа оценети за квалитет. Сите организации успешно ја препознаа корисноста и потребата од спроведување на кампањи и активности со цел поголема промоција и едукација за недискриминација, толеранција и еднаквост во повеќе сектори и области како: маргинализирани лица, медиуми, млади, заштита на човекови права, владеење на право, демократија, родова еднаквост и заштита на деца. 

Од доделените грантови, два ќе се спроведуваат во Скопскиот регион, додека по еден грант ќе се спроведува во Вардарскиот, Источниот, Пелагонискиот и Полошкиот регион. Висината на поединечните грантови е до 6.000 евра.

Грантовите се дел од програмата „Комисијата за антидискриминација ја остварува својата превентивна и заштитна улога“, а ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Програмата е финансирана од Европската Унија.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Доделени се шест грантови за недискриминација, толеранција и еднаквост