Повик до граѓанските организации за доделување грантови - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Повик до граѓанските организации за доделување грантови PDF Print E-mail
Wednesday, 26 October 2022 15:57

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) преку програмата „Комисијата за антидискриминација ја остварува својата превентивна и заштитна улога“ објавува јавен повик за доделување грантови. Програмата е финансирана од Европската Унија.

Javen povik

Целта на повикот е промоција на недискриминацијата, толеранцијата и  еднаквоста преку водење на кампањи и промотивни активности во различни сектори и области на локално и национално ниво во Северна Македонија. На овој повик може да се пријават организации кои се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации најмалку две години пред објавата на повикот. Целокупниот износ на финансиски средства кој е на располагање во рамките на повикот за грантови изнесува 36.000 евра (2.214.000 МКД). А, ќе се доделат најмалку шест грантови во износ до 6.000 евра (369.000 МКД) по грант. Грантот ќе покрие 100% од вкупните подобни трошоци.

Рокот за поднесување на апликациите е 25 ноември 2022г., до 17:00 часот.

Апликациите може да се достават на емејл адресата This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it  со назнака во емејлот: „Јавен повик за грантови“

Доколку имате дополнителни прашања во врска со повикот, истите може да се достават на This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it со назнака: Референтен број 09-87/2-2022, најдоцна до 22 ноември 2022 г. Поставените прашања и одговорите ќе бидат достапни на www.mcms.mk во делот вести и јавност. 

Дополнително ќе се организира една информативна онлајн сесија на 11 ноември (петок) 2022 г. на ЗООМ од 12:00 до 14:00 часот. Ве молиме задолжително да го најавите своето присуство за гореспоменатата инфосесија најдоцна до 10 ноември 2022 г. на This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it . Линк од ЗООМ ќе добијат сите кои ќе се пријават.

Се поттикнуваат организациите ажурно да ја следат веб-страницата и фејсбук-страницата на МЦМС за да добијат навремени информации за веќе поставените прашања и одговори.

Целокупните информации во однос на целите и очекуваните резултати од повикот, условите за аплицирање, подобните активности и начинот на аплицирање може да ги најдете во упатството за аплицирање. Самата апликација се состои од:

Доколку имате проблеми околу преземањето и/или имате дополнителни прашања, може да се обратите преку е-пошта на This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it со назнака: Референтен број 09-87/2-2022.

Ве молиме проследете го овој повик до сите граѓански организации кои би биле заинтересирани.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Повик до граѓанските организации за доделување грантови