Повик до граѓанските организации за доделување грантови |
E mërkurë, 26 tetor 2022 15:57 | |||
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) преку програмата „Комисијата за антидискриминација ја остварува својата превентивна и заштитна улога“ објавува јавен повик за доделување грантови. Програмата е финансирана од Европската Унија. Целта на повикот е промоција на недискриминацијата, толеранцијата и еднаквоста преку водење на кампањи и промотивни активности во различни сектори и области на локално и национално ниво во Северна Македонија. На овој повик може да се пријават организации кои се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации најмалку две години пред објавата на повикот. Целокупниот износ на финансиски средства кој е на располагање во рамките на повикот за грантови изнесува 36.000 евра (2.214.000 МКД). А, ќе се доделат најмалку шест грантови во износ до 6.000 евра (369.000 МКД) по грант. Грантот ќе покрие 100% од вкупните подобни трошоци. Рокот за поднесување на апликациите е 25 ноември 2022г., до 17:00 часот. Апликациите може да се достават на емејл адресата Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë со назнака во емејлот: „Јавен повик за грантови“. Доколку имате дополнителни прашања во врска со повикот, истите може да се достават на Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë со назнака: Референтен број 09-87/2-2022, најдоцна до 22 ноември 2022 г. Поставените прашања и одговорите ќе бидат достапни на www.mcms.mk во делот вести и јавност. Дополнително ќе се организира една информативна онлајн сесија на 11 ноември (петок) 2022 г. на ЗООМ од 12:00 до 14:00 часот. Ве молиме задолжително да го најавите своето присуство за гореспоменатата инфосесија најдоцна до 10 ноември 2022 г. на Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë . Линк од ЗООМ ќе добијат сите кои ќе се пријават. Се поттикнуваат организациите ажурно да ја следат веб-страницата и фејсбук-страницата на МЦМС за да добијат навремени информации за веќе поставените прашања и одговори. Целокупните информации во однос на целите и очекуваните резултати од повикот, условите за аплицирање, подобните активности и начинот на аплицирање може да ги најдете во упатството за аплицирање. Самата апликација се состои од:
Доколку имате проблеми околу преземањето и/или имате дополнителни прашања, може да се обратите преку е-пошта на Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë со назнака: Референтен број 09-87/2-2022. Ве молиме проследете го овој повик до сите граѓански организации кои би биле заинтересирани.
|