Повик за смирување на тензиите и продолжување на широките консултации за тнр. „Француски предлог“ - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Повик за смирување на тензиите и продолжување на широките консултации за тнр. „Француски предлог“ PDF Print E-mail
Friday, 08 July 2022 11:52

Актуелните настани не ставаат пред сериозни предизвици, не само како луѓе од граѓанските организации туку и индивидуално, како граѓани. Неколку грантисти на Цивика мобилитас иницираа заедничка реакција на последните случувања во кои насилството се заканува да го заземе местото на мирното протестирање и дебатирање. Во продолжение прочитајте го во целост Повикот и листата на граѓански организации поддржувачи на иницијативата.

final

Последните неколку дена се одвиваат настани на кои не можеме и не смееме да останеме неми набљудувачи. Тие задираат во суштината на демократијата и во нашето делување како граѓански организации. Ги поткопуваат мирот и толеранцијата, вредности кои општеството макотрпно ги гради. Вредности во кои е вложен силен напор на сите општествени чинители, институционални и индивидуални. Напор чиј резултат се изградени односи засновани на прифаќање на разликите и заедничка добивка од меѓузависноста. Нашето мултикултурното општество е заштитниот знак на нашата држава и затоа, не смееме да дозволиме никому да ги руши веќе изградените вредности.

Затоа, ние долупотпишаните граѓански организации го осудуваме насилството кое се случи за време на протестите низ кои граѓаните го изразуваат своето несогласување со предлог-преговарачката рамка на ЕУ (тнр. „Француски предлог“) во деловите што се однесуваат на билатералните односи меѓу Македонија и Бугарија. Ги осудуваме сите оние кои свесно или несвесно поттикнуваат насилен развој на протестите. Апелираме до сите вклучени во протестите на одговорно однесување. Бараме од политичките партии јавно да се оградат од ваквите инциденти, а од институциите и граѓаните активно да се заложат за обесхрабрување на учесниците во протестите да прибегнуваат кон насилни дејства. Апелираме до медиумите за професионално и објективно информирање на граѓаните.

Мирните протести се еден од начините на изразување на сопственото мислење. Имањето став и неговото презентирање е демократска придобивка. Иако тој став можеби не е споделен со сите сограѓани – решението не е избегнување и премолчување. Затоа апелираме да продолжи дебатата за „францускиот предлог“ на сите нивоа. Таа да биде сеопфатна, да трае толку колку што е потребно за да се презентираат сите аргументи кои ќе водат до информирана одлука „за“ или „против“ предлогот или преку барање на „меѓу-решенија“.  

Мирот и стабилноста, просперитетот и демократијата се одговорност на сите нас, премногу се скапоцени за да им ги препуштиме само на политичките партии.

Граѓански организации поддржувачи на иницијативата:

  1. Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС
  2. Здружение на Лезбејки, геј, бисексуалци/ки и трансексуалци/ки ЛГБТ Јунајтед, Тетово
  3. Хуманитарно здружение за помош и поддршка на лица со посебни потреби „Бравура кооператива“, Делчево
  4. Центар за одржлив развој на заедницата Дебар
  5. Здружение на Ромите „Черења“, Штип
  6. Здружение за унапредување и заштита на правата на работниците „Достоинствен работник“, Прилеп
  7. Институт за европска политика (ЕПИ), Скопје
  8. Здружение за борба против рак БОРКА ЗА СЕКОЈ НОВ ДЕН, Скопје
  9. Рурална коалиција, Кичево
  10. Асоцијација за демократска иницијатива (АДИ), Гостивар
  11. Дијалог Центар за делиберативна демократија, Прилеп
  12. Организација на жени Лозово
  13. Здружение ИЗВОР, Кратово
  14. Здружение за регионален развој БАЛКАН ЕКОНОМИК ФОРУМ, Скопје
  15. Здружениe за унапредување на земјоделските задруги МАКЕДОНСКА АСОЦИЈАЦИЈА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ЗАДРУГИ
  16. Институт за општествени и хуманистички науки – Скопје
  17. Прва детска амбасада во светот Меѓаши, Скопје
  18. Институт за истражување на општествениот развој РЕСИС, Скопје
  19. Ромска асоцијација за жени и млади ЛУЛУДИ, Скопје

Напомена: За сите граѓански организации листата за поддршка на иницијативата е отворена за приклучување преку меил: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Повик за смирување на тензиите и продолжување на широките консултации за тнр. „Француски предлог“