62 билтен за анти-корупција на СЕЛДИ - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

62 билтен за анти-корупција на СЕЛДИ PDF Print E-mail
Sunday, 29 May 2022 14:36

Во новиот двомесечен билтен на СЕЛДИ може да прочитате за новите случувања на полето на антикорупција на Балканот и активностите на организациите членки на мрежата.

seldi newsletter 62

Во април СЕЛДИ одржа регионален форум на кој присуствуваа министрите за правда, претставници на антикорупциските агенции и експерти од Западен Балкан. Во Босна и Херцеговина, ЦЦИ една од членките на мрежата со низа свои активности на терен со граѓаните за нивно мобилизирање во превенција на корупцијата, додека во Црна Гора, Институт Алтернатива со низа реакции до државните институции. 

За состојбата со демократијата и човековите права во Западен Балкан презентирани се кратки информации од извештаите на Фридом Хаус за Балканот и годишниот извештај за состојбата со човекови права на САД. Дополнително споделени се наодите за состојбата со корупцијата од последниот документ за јавни политики на СЕЛДИ.

Информациите се собрани од повеќе различни извори за да ви овозможат најрелевантни информации од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија. 

Билтенот е подготвен во рамки на програмата „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење на капацитети за мониторинг застапување и подигање на јавната свест (СЕЛДИ)”, која се спроведува од Mрежата за лидерство и интегритет во Југоисточна Европа (СЕЛДИ), чиј координатор е МЦМС.

Програмата е финансирана од Европската Унија.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News 62 билтен за анти-корупција на СЕЛДИ