Регионална мрежа за антикорупција (РМА) [2018-2022] |
Wednesday, 26 September 2018 15:31 | |||
Доброто владеење и борбата против корупцијата како негов значаен елемент се стратешки цели на МЦМС за поттикнување на демократските процеси во Македонија и регионот. Намалувањето на корупцијата бара соодветни мерки за институционално градење и создавање социјални предуслови за воспоставување на владеењето на правото. Во тој контекст, граѓанските организации можат да придонесат преку воспоставување заеднички коалиции, но и соработка со владини, граѓански, приватни и меѓународни партнери за да дејствуваат по конкретни прашања. Успешен пример во изминатите години кој преку размена на знаења и искуства креираше платформа на граѓански организации активни во полето на добро владеење и антикорупција е Мрежата за лидерство и интегритет во Југоисточна Европа (СЕЛДИ) во која МЦМС членува од 2013 г., а од 2017 г. ја презема улогата на координатор на мрежата. Општа цел на програмата е зголемено влијание на граѓанското општество во јавните процеси на донесување одлуки и реформи во Западен Балкан во областа на добро владеење и спречување на корупцијата преку застапување, мониторинг на политики и надзор. Цел на програмата е да ги прошири и продлабочи антикорупциските дејствија од законска постапка кон по основано економско делување, како што се решавањето на врската меѓу корупцијата и скриената економија и корупцијата и организираниот криминал. Понатаму, цел на програмата е и зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за структуриран дијалог и граѓанско општество преку мрежно поврзување и соработка со други организации, државните институции и институциите на ЕУ, на регионално, национално и локално ниво. Програмата ќе се стреми и кон зголемување на бројот на ГО поддржувачи во борбата против корупцијата преку програма за мали грантови за градење на капацитетите, споделување на информации и методологии. Целна група се граѓанските организации, како и сите критични институции кои се креатори на политики со посебен осврт на економски политики, како што се органите за конкуренција, регулаторните тела одговорни за лиценцирање како и други регионални мрежи. Очекувани резултати на програмата се:
Активности кои ќе придонесат кон постигнување на резултатите се:
Програмата ќе даде повеќе продукти како на пример:
МЦМС ќе ја спроведува програмата во соработка со Центар за изучување на демократијата, Албански центар за економско истражување, Институт за демократија и медијација, Центар за цивилни иницијативи, ЗаштоНЕ, Партнерство за социјален развој, Институт Риинвест, Институт за демократија Социетас Цивилис- Скопје, Центар за демократска транзиција, Институт Алтернатива, Центар за современи политики, Турска фондација за економски и социјални студии. Периодот на спроведување е 10 мај 2018 г. – 09 мај 2022 г. Најголем дел од потребните финансиски ресурси се обезбедени од ЕУ (88,06%). Средства за кофинансирање се обезбедени од МЦМС и партнерските организации. Буџетот изнесува 69.761.543 МКД. Веб-страница на програмата: https://seldi.net/
|