Доделени четири нови мали грантови за граѓанските организации - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Доделени четири нови мали грантови за граѓанските организации PDF Print E-mail
Tuesday, 15 February 2022 16:07

Комисијата за избор на грантови ги оцени концептите кои организациите ги поднесоа на повикот за мали акциски грантови на Цивика мобилитас (ЦМ-МАК-02) во периодот од 1 октомври до 30 декември 2021.

mkd 1024x538

Беа доставени 59 пријави, од кои четири организации се добитници на мал грант, и тоа:

  • Меѓуопштинско здружение на лица со телесен инвалидитет на општините Велес, Градско и Чашка – МОБИЛНОСТ Велес со проектот „Направи сам за своето дете (Прирачник за изработка на дидактички материјали од отпадни материјали)“;
  • Здружение на граѓани Чејнџмејкерс Гевгелија со проектот „Организирање на одржливо постапување со отпадот на територија на Општина Гевгелија“;
  • Здружение за туризам и угостителство – Крушево со проектот „Јакнење на соработката меѓу туристичкиот сектор и локалните јавни претпријатија“;
  • Прима центар Скопје – здружение за креативен развој со проектот „Противпожарно заштитена зграда и општина“;

Новите грантисти ќе дејствуваат во секторите за здравје и здравствена заштита, лица со хендикеп, развој на граѓанско општество и животна средина и природни ресурси. Акциите ќе се спроведуваат во период од два до седум ипол месеци.

Избраните организации се од скопскиот, вардарскиот, југоисточниот и пелагонискиот регион во РС Македонија и ќе делуваат на локално и регионално ниво.

Вкупната поддршка на Цивика мобилитас за овие мали акциски грантови е 1.313.000 МКД.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Доделени четири нови мали грантови за граѓанските организации