Доделени четири нови мали грантови за граѓанските организации |
E martë, 15 shkurt 2022 16:07 | |||
Комисијата за избор на грантови ги оцени концептите кои организациите ги поднесоа на повикот за мали акциски грантови на Цивика мобилитас (ЦМ-МАК-02) во периодот од 1 октомври до 30 декември 2021. Беа доставени 59 пријави, од кои четири организации се добитници на мал грант, и тоа:
Новите грантисти ќе дејствуваат во секторите за здравје и здравствена заштита, лица со хендикеп, развој на граѓанско општество и животна средина и природни ресурси. Акциите ќе се спроведуваат во период од два до седум ипол месеци. Избраните организации се од скопскиот, вардарскиот, југоисточниот и пелагонискиот регион во РС Македонија и ќе делуваат на локално и регионално ниво. Вкупната поддршка на Цивика мобилитас за овие мали акциски грантови е 1.313.000 МКД.
|